(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не поддржаа земјоделците да добиваат гориво со цена 50 % пониска

од desk3
87 прегледи

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 92-та седница го разгледа Предлог законот за дополнувањата на Законот за земјоделство и рурален развој, во прво читање, поднесен од пратениците од опозицијата, и со 65 гласа „за“ и 27 „против“ заклучи дека не е прифатлив и оти не може да се даде на натамошно читање.

traktorashhhash

Со Предлог законот се бараше земјоделците да добиваат гориво со цена 50 отсто пониска од малопродажната за обработка на земјоделските површини.

Пратениците го разгледаа и Барањето за давање на автентично токлување на член 25 став 1 точка 9 од Законот за даноците на имот, поднесено од пратеникот Марјан Даскаловски од СДСМ и со 55 гласа „за“ и три „против“ заклучи дека не е оправдано и оти нема потреба од негово толкување.

Рестартиран „Југохром“ со вклучување две печки

Собранието со 54 гласа „за“ и еден „против“ не го прифати и Барањето за автентично толкување на член 3 од Законот за возила во врска со членот 2 точка 3 од Законот за задолжително осигурување во сообраќајот поднесено од пратеникот Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Со 55 гласа „за“ и три гласа „против“ не помина и Барањето за автентично толкување на член 134, став 1, алинеја 4 од Законот за градење, поднесено од градоначалникот на општина Куманово. /MИА