Аххх, тој член 20 од Законот за класифицирани информации…

од desk3
181 прегледи

Интересни информации денеска излегоа и од СЈО и од Кривичниот. И ќе кажам слободно дека за лаициите изгледа чудно, ама за сите што малку од малку “дивкаат” право изгледа смешно. Ова се однесува на денешното соопштение на Кривичниот суд со образложение за јавноста зошто не давале копии од доказите за случајот “Пуч” на СЈО. Ама да почнеме од почеток. Деенеска локално.мк објави информација во која се вели дека најверојатно СЈО ќе побара одлагање на утрешното рочиште за случајот “Пуч” бидејќи Кривичниот суд не им давал копии од доказите на обвинителите за да можат тие со нив да постапуваат по однос на обвинението. За потсестување Ви ја проследуваме веста:

“Утрешното рочиште за предметот „Пуч“ веројатно ќе се одложи. Од СЈО потврдуваат дека ќе побара одложување на процесот „Пуч“ за кој утре во 10:00 часот во Кривичниот суд е закажана главна расправа.
Како што оттаму информираат, сè уште не го добило одговорот од Кривичниот суд на барањето за добивање копии од доказите за случајот „Пуч“. Тие документи им се потребни за подобро запознавање со предметот и за негова соодветна презентација во судница.

sudenje-Puch-860x680
Тимот обвинители од Специјалното јавно обвинителство на почетокот на месецов секој ден вршеше увид во доказите за „Пуч“ во Скопскиот кривичен суд поради одбивањето од судот да им го испрати цел материјал.
Во јануари Јанева побара одложување на процесот на подолг период, со цел нејзиниот тим да изврши увид во доказите на предметот, но оттогаш,, обвинителите можеле да извршат увид во доказите само во зградата на Судот.
Во февруари пак, обвинителите вршеа увид во доказите за случајот „Пуч“ четири дена, колку што им беа определени од Судот кој одвои и посебна просторија во која обвинителите можеа да вршат увид во пишаните докази, аудиовизуелни докази, како и во сите останати списи од предметот.
Адвокатите на обвинетите во случајот „Пуч“ велат дека ја подготвуваат одбраната за процесот.”
И сега почнува интересниот дел.ПР одделот на кривичниот суд подоцна во денов лиферуваше соопштение со кое достави за јавноста информација со која дава образложение , зошто судот на СЈО не им ги дава копиите од доказите за сторено кривично дело. Ве молам обрнете внимание на наведениот чл. 81 од Законот за кривична постапка.

sud
“Во однос на прашањата од повеќе медиуми околу барањето на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за доставување на докази и копии кои се дел од предметот со КОК. Бр. 77/15 во јавноста познат како „Пуч“, информираме дека судијата, надлежен за конкретниот предмет донел решение со кое се одбива барањето на обвинителството за доставување на копии од списи и електронски докази, бидејќи со тоа судот би нарпавил директна повреда на обврската за чување класифицирани информации со оглед на фактот дека од надлежниот орган не е укината таквата обврска, а барњето на Обвинителството и решението на судијата се зановаат на член 81 од ЗКП.

Член 81

Обврска за давање помош

(1) Правосудната полиција, јавниот обвинител и судот за потребите за водењето на кривичната постапка можат да побараат помош од судовите, јавното обвинителство, органите на државната управа и други државни органи, институции што вршат јавни овластувања и од органите на единиците на локалната самоуправа. Тие органи се должни да одговорат по барањето во најкраток рок, а можните пречки да ги отстранат без одлагање. По потреба нив може да им биде доставена копија од казнените списи.

(2) Органите на државната управа и другите државни органи можат да го одбијатбарањето од ставот (1) на овој член, со образложена одлука согласно со нивните законски надлежности, ако на тој начин се повредува обврската за чување класифицирани информации, сè додека надлежниот орган не ја укине таквата обврска.

Обвинителството уште на 09.02.2016 година до овој суд се обрати со писмено барање за доставување на копии од списи и листа на електронски докази, кое барање, судот со образложен допис го одби на 12.02.2016 година. Но, бидејќи обвинителството го повтори истото барање со исто образложение уште два пати и тоа на 17.02.2016 година и 26.02.2016 година, бидејќи не се согласуваат со образложението на судот, надлежниот судија донесе нова образложена одлука – согласно наведениот член:

Судот ценејќи дека Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ја презело надлежноста врз конкретниот предмет , при што наведените списи и електронки докази не им биле доставени од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, судот утврди дека постојат законски пречки за доставување на копии од наведените списи и електронски докази бидејќи во случајов се работи за докази класифицирани најанпред како државна тајна, а потоа со декласификација се набележани со напомената службена тајна. Од друга страна се работи за списи и електронски докази кои се сочинати од разни државни органи кои иститие ги класифицирале како државна тајна, па судот во никој случај не би можел да издава копии или преписи на овие класифицирани докази, особено без изречна дозвола и одобрение од државните органите кои ги издале, бидејќи тоа нема да бидат веродостојни копии согласно законот и други прописи, а судот не е оригинерен издавач на истите докази и списи. Дополнително судот го извести посоченото Обвинителство дека сите овие докази веќе се наоѓале во ОЈО за гонење организиран криминал и корупција кој е подносител на обвинителниот акт за конкретниот предмет и истите требале да обезбедат примероци од сите овие докази, а доколку тоа не го сториле воопшто не е пропуст на судот, уште повеќе што предметот се наоѓа во фаза на главна расправа. Исто така Обвинителството, како странка во постапката, согласно член 81 од ЗКП, може да побара копии од бараните списи и електронски докази од органот кој ги издава и сочинува наведените докази, но судот во никој случај неможе да се впушти во постапка со која би ја прекршил обврската за чување на класифицирани податоци со форма и содржина како што тоа го бара ова Обвинителство.

Судот исто така имаше и предвид дека Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите како во претходниот перид кога во повеќе наврати им беше удоволено на сите нивни барања за вршење увид во сите докази од конкретниот предмет, Кривичниот суд и понатаму во било кој период од работното време на судот им става на располагање простории и технички можности на обвинителите од ова обвинителство да вршат увид во предметот.

Дополнително, со оглед на тоа дека овие докази веќе се составен дел на списите на предметот КОК Бр. 77/15, судот веќе му укажа на Обвинителството дека доколку смета, нема пречка во секое време да ги повлекува и да рапсолага со доказите на со закон утврден начин во рамките на нивните законски овластувања да предлага и повлекува докази.

Главната рапсрава за конкретниот предмет продолжува утре 02.03.2016 година во 10:00 часот, инаку досега беа закажани 8 главни расправи, но сите беа одложени, а последните 2 беа одложени токму по барање на обвинителството заради увид во предметот.”

 

katica-552x426_c

И сега се запознавме со чл. 81 од Законот за кривична постапка кој е процесен закон и кој судот мора да го почитува. Ама ајде да го отвориме материјалниот закон кој ја уредува сферата на “класифицираните информации” и кој исто така е задолжителен во судската постапка, а тоа е Законот за класифицирани информации.

И веднаш во очи на читателот му паѓа членот 20 од тој Закон. Во овој член се вели:

“Информацијата која е одредена со степен на класификација нема да се смета за класифицирана информација ако со неа се прикрива кривично дело, пречекорување или злоупотреба на функцијата или некој друг незаконски акт или постапка.”

А сега ајде да ги споредиме речениците:

чл.81 ст 1 од ЗКП: Правосудната полиција, јавниот обвинител и судот за потребите за водењето на кривичната постапка можат да побараат помош од судовите, јавното обвинителство, органите на државната управа и други државни органи, институции што вршат јавни овластувања и од органите на единиците на локалната самоуправа. Тие органи се должни да одговорат по барањето во најкраток рок, а можните пречки да ги отстранат без одлагање. По потреба нив може да им биде доставена копија од казнените списи.

чл.81 ст 2 од ЗКП: Органите на државната управа и другите државни органи можат да го одбијат барањето од ставот (1) на овој член, со образложена одлука согласно со нивните законски надлежности, ако на тој начин се повредува обврската за чување класифицирани информации, сè додека надлежниот орган не ја укине таквата обврска.

чл. 20 од Законот за класифицирани информации:  “Информацијата која е одредена со степен на класификација нема да се смета за класифицирана информација ако со неа се прикрива кривично дело, пречекорување или злоупотреба на функцијата или некој друг незаконски акт или постапка.”

И сега почнува изграта на “брзо и споро” читање за јавноста, или активно или пасивно отлкување на законските одредби.

Еве, според чл. 81 ст. 1 специјалниот обвинител може да побара од “судовите, јавното обвинителство, органите на државната управа и други државни органи, институции што вршат јавни овластувања и од органите на единиците на локалната самоуправа” да им биде доставена копија од казнените списи.

Ама ст.2 од истиот член пишува дека само “Органите на државната управа и другите државни органи” можат да го одбијат барањето, но не и судовите и јавното обвинителство бидејќи тие имаат законски надлежности за санкционирање на криминалот, а надлежноста ја влечат токму од чл. 20 од ЗКИ каде јасно се вели дека Информацијата која е одредена со степен на класификација нема да се смета за класифицирана информација ако со неа се прикрива кривично дело, пречекорување или злоупотреба на функцијата или некој друг незаконски акт или постапка.

Значи , сега ако поврземе дека Судот е должен да постапи по барањето на СЈО (ч. 81 ст.1 ЗКП) и тоа по можност веднаш,  нема право да го одбие барањето  сè додека надлежниот орган не ја укине таквата обврска (чл.81 ст. 2 ЗКП) и е должен  информацијата која е одредена со степен на класификација да не ја смета за класифицирана информација ако со неа се прикрива кривично дело, пречекорување или злоупотреба на функцијата или некој друг незаконски акт или постапка (чл 20 ЗКИ ),  се поставува прашањето:

 ” Зошто кога има класифицирана информација која треба да биде доказ за сторено кривично дело (во случајов обид за насилство врз носител на државна функција) судот ја смета за класифицирана и не ја дава, а член 20 вели нешто друго !?”

Се надеваме дека при јавната судка расправа за овој случај, ние новинарите и јавноста ќе дознаеме зошто судот одлучил токму вака како што одлучи.

Но, “овошјето на шлагот на тората” сепак Ви го оставам за крај. Од целото соопштение најинтересна е реченицата:

“Дополнително судот го извести посоченото Обвинителство дека сите овие докази веќе се наоѓале во ОЈО за гонење организиран криминал и корупција кој е подносител на обвинителниот акт за конкретниот предмет и истите требале да обезбедат примероци од сите овие докази, а доколку тоа не го сториле воопшто не е пропуст на судот, уште повеќе што предметот се наоѓа во фаза на главна расправа.

И овдека ќе јавно ќе го поставиме прашањето “зошто обвинителство со кое раководи Зврлевски не обезбедило примероци од сите овие докази и не ги доставило до СЈО. Нешто крие ?”

 

ФЃ