Пазарот на капиталот ги урива границите во регионот

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Заедничката информативна платформа на пет берзи на Балканот, под името „SEE link‟, а која финансиски ја поддржува Европската банка за обнова и развој ЕБРД, ќе почне да работи кон крајот на март оваа година, а како што дознаваат „Независне‟ во тој систем дополнително треба да бидат вклучени и две наши берзи.

pari2

Според плановите, берзите во регионот, меѓу кои треба да бидат и две берзи од БиХ, ќе воспостават заедничка регионална инфраструктура за тргување со вредносни хартии. Проектот пред неколку дена го почнаа берзите во Бугарија, Македонија и Хрватска, а сега ќе се приклучи и Љубљанската и Белградската берза. Инаку „SEElink‟ името за проектот со кој ЕБРД се обидува да ги поврзе берзите во регионот и долгорочно да овозможи поефикасен пристап на инвеститорите и локалните берзански посредници. Се очекува дека со платформата во првите денови на работењето ќе се поврзе со осум берзански членки во Бугарија, како и со по 10 од Хрватска и Македонија. Милан Божиќ, директор на Бањалучката берза, рече дека Бањалучката берза наскоро ќе се приклучи на платформата „SEElink‟.

Како што наведе со „SEElink‟ воспоставиле добра соработка и се договориле да им ги испорачаат своите софтверски решенија кои ќе се користат кај брокерските куќи за поврзување во регионалната мрежа. „Веќе во март е планирано сите 10 брокерски куќи и банки во Македонија да го преземат нашиот софтвер за тргување. На овој проект работевме интензивно шест месеци со Македонската берза. Тоа значи дека и нашите брокерски куќи ќе бидат технолошки целосно подготвени да се приклучат на проектот во најбрзо време‟ – рече Божиќ. Тој објасни дека целта на проектот е да го олесни протокот на капиталот по пат на поврзување на брокерските куќи, кои сега ќе имаат едноставен пристап на регионалните пазари на хартии од вредност преку партнерство со брокерските куќи.

„Платформата ќе ја подобри достапноста и видливоста на хартиите од вредност и долгорочно ќе влијае на зголемување на ликвидноста. Мислам дека може да означи и почеток на свртување кон нов модел на финансирање на фирмите, на кои ќе можат да сметаат перспективните акционерски друштва‟ – рече Божиќ. За да се искористат овие прилики Божиќ рече дека треба конечно да се посвети поголемо внимание на корпоративното управување бидејќи моменталните финансиски ефекти на работењето на многу фирми не се атрактивни за инвеститорите. Од Сараевската берза (САСЕ) рекоа дека „SEElink‟ настанал како проект од три берзи – Загрепската, Софиската и Македонската. Додаваат дека на неодамнешниот инвестициски самит за западен Балкан во Лондон, директорите на Белградската и Љубљанската берза објавиле приклучување на овој проект.

„Сараевската берза го поздравува секој вид на регионална соработка и во минатото аткивно учествуваше во програми за соработка на овие берзи. Еден од овие проекти е наведениот SEElink меѓу Загреб, Софија и Скопје, почнат во потесен круг на само три берзи, а потоа со намалување на вклучените страни да постигне поголема ефикасност на проектот‟ – рекоа од САСЕ. Како што велат, важно е да се потенцира дека тука се работи за еден процес на приклучување, бидејќи секоја берза која се приклучува на проектот мора да изработи софтвер на своја страна со кој ќе се конектира на „SEElink‟.

Потенцирајќи дека овој вид на поврзување на пазарот го олеснува пристапот на странските пазари за локалните инвеститори. Меѓутоа, за да се реализира целосна дополнителна вредност за инвеститорите истакнуваат дека ќе биде потребно да се преземат активности на т.н. pottrading фаза, која вклучува и плаќање. „Сараевската берза е отворена за секаков вид на соработка во контекст на поврзување на пазарите, па Надзорниот одбор, како и другите органи на берзата, ќе го разгледаат приклучувањето на овој проект‟ – рекоа од САСЕ

Независне новине – Бања Лука