Во Кривичниот суд претпладнево пристигнаа лидерот на СДСМ Зоран Заев кој е четвртообвинет во случајот Пуч, обвинетата брачна двојка Верушевски, како и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. И овојпат рочиштето е одложено.3 мај е новиот датум, за кога Јанева бара да присуствува и оштетениот Никола Груевски како сведок.
Специјалното јавно обвинителство со соопштение до медиумите претходно образложи зошто ќе побараат одложување на судењето.
СЈО објави зошто се бара одлагање на „Пуч“
Заев е обвинет за насилство спрема претставници на највисоките државни органи, а претходното рочиште се одложи за 1. март по барање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, со цел обвинителката да има повеќе време за увид во доказите за предметот.