СЈО на КАтица Јанвеа денеска ќе го сослушува лидерот на ДУИ Али Ахмети . Според најавите тој во својство на сведок ќе биде на распит за случајот Космос, објектот кој беше во изградба и урнат во 2011 година.
Од Специјалното обвинителство велат дека станува збор за покана како сведок во предистражна постапка. Од ДУИ се во дилема и не им е јасно каква врска има нивниот лидер со случајот „Космос“, но и тоа дека Ахмети ќе ја исполни својата граѓанска должност, и ќе соработува.
Уривањето на објектите КОСОМОС беше образложено со нецелосна документација и зголемени габарити на проектот, но по бомбите кои ги објави СДСМ се виде дека станува збор за политичка одмазда Овој случај се поврзува со релациите на сопственикот на објектот Фиат Цаноски со сопственикот на телевизија А1 Велија Рамковски.