Тендер во четири очи за новиот изглед на Драмски театар

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Вака ќе изгледа новиот Драмски театар. Видото го објави директорот на театарот Роберт Вељановски. Новиот изглед Министерството за култура го договорило во четири очи или со постапка со преговарање без објавување оглас. Ресорното министерство ја избрало фирмата Монтимпекс Инженеринг од Скопје да ја направи измената на постоечката проектна документација за Драмски. Договорот за проектирање на комплетно нов излед на театарот чини 37 илјади евра, пренесува 24 Вести.

1296581

Министерството за култура оправданоста за договорањето на новиот изглед на Драмски во четири очи ја правда со следново соопштение.

„Таквите работи или услуги не можат да бидат технички или економски одделени од основниот договор без поголеми проблеми за договорниот орган“, стои во договорот за јавна набавка.

Од Министерството за култура соопштија дека фирмата Монтимпекс согласно законските прописи и регулативи ја направила измената на проектната документација.

„Откако на двата повици за јавно приватно партнерство не се пријавија заинтересирани фирми, согласно законските прописи и регулативи, фирмата Монтимпекс ја направи измената на проектната документација“, објаснија од министерството за култура.

Новиот изглед на Драмски театар го изненади и жирито кое го одбра првичниот проект на Емил Јегени.

„Што е ова? Ова не го жирирав? Друг објект доби награда. А не се сеќавам дека имаше нов конкурс за Драмски“

Изградбата на нова зграда за Драмски ќе чини 10 милиони евра. Првичниот план на владата беше театарот да се гради со јавно приватно партнерство а објектот да биде висок 35 метри на шест ката. Откако ниедна фирма не се јави на поивиците на министерството за култура обврската да го гради Драмски ја презема владата.

Инаку Министерството за култура потпиша и договор со консултанската куќа „Грант Тортон“ за изработка на физибилити студија за оправданоста од воспоставување на јавно-приватно партнерство. За подготовката на документацијата беа планирани 165 илјади евра од државната каса./Либертас