Пропадна „ крстоносниот бој“- ДУИ се повлече, а Владата ја поништи одлуката за изградба на крст во Бутел

од Vladimir Zorba
156 прегледи

Владата ноќеска на итна седница донесе одлука со која се анулира одлуката на Советот на општина Бутел за изградба на крст на кружниот тек на влезот во општината. OБСЕ посредувал во надминување на проблемите. ДУИ истовремено  го трга кампот порачуивајќи  дека демек  тоа го правеле за респект кон верскиот празник задушница.

12823111_10208567322050831_1315272316_o1-717x3801-670x355

Владата на итна седница вечерва одлучи да се поништи одлуката која Советот на општината ја имаше донесено за изградба на метален православен крст. Како што јави порталот на албански јазик „Албеу“ а пренесе МКД.мк, македонската влада реши да ја донесе ваквата одлука поради категоричното противење на ДУИ за изградба на ваков верски симбол во мултиетничата општина.

Совет за етика:Одговорно и вистинито информирање и без потпалувачки и говор на омраза!

Синоќа  потпретседателот на ДУИ Изет Меџити, додека се демонтираа шаторите, рече дека е добиено уверување дека ОБСЕ ќе посредува во надминување на проблемите.

https://youtu.be/hI5yoArJ6OY

Претходно, пред седницата на Владата,  и претходеше прес конференцијата на ДУИ во близината на местото каде во саботата започна изградбата на крстот, на која Меџити соопшти дека протестите се прекинуваат поради верскиот празник Задушница, со напомена дека ДУИ инсистира на преговори за воведувањето на Бадинтер при носењето на вакви одлуки и тоа, како во општината Бутел, така и во целата земја.

Тројца повредени во Бутел во (контра) протест- полицијата тампон зона меѓу колиционерите ДУИ и ВМРО ДПМНЕ

Вечерта сепак се направи обид со контра протетст припадници и челници на ВМРО ДПМНЕ да се судрат со камперите на ДУИ па наместо врз нив удрија со камења вез специјалците кои ја раздвојуваа групата. Притоа тие повредија тројца полицајци од кои двајца завршија на ургенетен центарorav

Евроамбасадорот Аиво Орав синоќа  ги повика сите инволвирани во случувањата во Бутел на воздржаност.

„Одблиску ја следиме ситуацијата и ги повикуваме инволвираните на воздржаност. Ги повикуваме инволвираните партии да најдат заеднички начин да ја решат ситуацијата“, стои во реакцијата од канцеларијата на евроамбасадорот.