(ВИДЕО) Спасовски: Нема простор да се протестира пред МВР, на тој начин се понижуваат полициските службеници

од desk3
83 прегледи

Прашање 1 Господине Спасовски дали полицијата поднесе пријави за вчерашните и завчерашните протести?

Прво сакам да оддадам признание на полицајците коишто беа на настаните. Да оддадам признание затоа што најпрофесионално ја извршуваат својата задача и што немавме нарушување на јавниот ред и мир. Нормално дека ќе има постапки за одредени случаи. Знаете дека имаме тројца повредени полицајци. Утрово бев кај еден од нив во клиниката за да го видам и да ја дадам подршката. Нормално дека тие постапки ќе завршат и ќе се поднесат соодветните пријави за нарушителите на овој процес. Најважно од се е дека граѓаните беа на висина на задачата. Навистина, луѓето коишто се вклучија, коишто разговараа и коишто го подпомогнаа процесот да имаме мирна разврска, да се повлечат демонстрантите и да ја обезбедиме сигурноста на граѓаните на Република Македонија, посебно на општината Бутел. Тоа е од исклучителна важност и навистина треба да се честита на присебноста и на смиреноста заради тоа што ова време во Република Македонија е време во кое треба да се носат рационални и разумни одлуки, а не одлуки на ниво на емоции.

-постапување-на-полицијата-не-дозволи-ескалација-во-општина-Бутел‏

Прашање 2 Зошто полицијата дозволи групата на Беќир Асани да уништува државен имот?

Полицијата постапуваше согласно со правилата и сметавме дека најважно од се е да го зачуваме мирот и стабилноста и пред се, да не овозможиме да имаме ескалација на судирите. Најлесно е да го запалите огнот, меѓутоа најважно од се, денеска имаме превенција и да не дозволиме да имаме ескалација на состојбите во Република Македонија. Денеска тоа е реалност, и јас и граѓаните на Република Македонија се задоволни заради тоа.

 

Прашање 3 Министре за денеска имате најавено протести пред МВР. Кој е вашиот став?

Денеска никој не најавил протест. Гледам дека преку пораки се повикуваат одредени луѓе да протестираат. Секој има право да протестира во Република Македонија. Јас мислам дека после една ваква мирна разврска, после висината и одговорност  на којашто беа и политичките субјекти и сите коишто учевствуваа во овој  процес нема место да се протестира пред Министерството за внатрешни работи. Затоа што на таков начин се понижуваат полициските службеници коишто најпрофесионално си ја извршија својата задача во овие тешки моменти за Република Македонија и општина Бутел.

 

Прашање 4Вие имавте средба со Државната изборна комисија.Дали овие недостатоци во избирачкиот список се должат на минатотот и несреденоста на податоците?

Па тоа е факт, тоа не можеме да го негираме дека заради податоците коишто претходно биле презентирани е најправен ваков избирачки список. Меѓутоа и не можеме да констатитраме што точно сега се наоѓа во избирачкиот список. Тоа е работа на Државната изборна комисија . Јас само уште еднаш ќе потенцирам дека Министерството за внатрешни работи стои отворено до крај да помогне на Државната изборна комисија, да имаме чист избирачки список и заеднички да помогнеме во овој процес за организирање на фер, демократски и слободно избори.

 

Прашање 5 Очекувате ли дека ќе биде прочистен до рокот?

Тоа само го посакувам и ќе дадам се да помогнам на Државната изборна комисија. Според законот Државната изборна комисија го води избирачкиот список.

 

Прашање 6  Околу внарешната истрага во врска со личните карти издавани во минатото со повеќе адреси?

И внатрешната истрага и истрага во Специјалното Јавно Обвинителство се води веќе околу тој предмет и повеќе детали и информации ќе соопштуваат од Специјалното Јавно Обвинителство.