Американските воздушни напади и финансиските санкции траат повеќе од една година, но и покрај тоа не спречија “Исламска држава” да порачува стока за борците и да купува храна.
Ова се должи на мажи како Абу Омар – еден од банкарите на групата. Ирачкиот бизнисмен е дел од мрежата на финансиери, која се протега во северниот и централниот дел на земјата.
Веќе со децении тие вршат трансфери на пари за локалните трговци, кои не сакаат да работат со банките. А сега работат за “Исламската држава”, пишува “Волстрит џурнал”.
Кога групата го зазедоа регионот во 2014 година, дала предлог кој не може да се одбие – може да го задржите вашиот бизнис, ако се грижите и за нашите пари.
“Не поставувам прашања”, вели Абу Омар. Канцелариите во Мосул, Сулејман, Ербил и Хит наплаќа со 10% за трансферот на пари од и за територијата на џихадистите. Тоа е два пати повеќе од вообичаената цена.
Ердоган нуди создавање град за бегалци во Сирија
“Исламска држава” е добра за бизнисот “.
Овие финансиери го гарантираат движењето на милиони долари во и надвор владеаните територии на групата и гу обезсмислуваат меѓународните напори таа да биде изолирана од глобалниот банкарски систем, тврдат упатените.
Тие работат преку границите и во боиштата, во средината на еден од најопасните конфликти во светот, заштитени од профитот и значењето за регионалната економија.
Иако се управува од сунитски фундаменталисти, “Исламска држава” се докажа како прагматична. “Даеш” ги следи законите на парите, не на религијата или на политиката. Во овој поглед тие се толку Ирачани, колку и другите “, тврди човек кој се занимава со размена на пари во Анбар.
Мажите во оваа професија покажуваат разновидноста на етноси и религии во Ирак. Нивната активност е основана на довербата – членовите го почитуваат трансферот на пари во реално време. Клиентите плаќаат кеш во еден од канцелариите, а примателите го влечат износот на друго место. Оваа блискоисточна практика е позната како “Хавана” и претходи на современиот банкарски систем.
Тројца ирачки оператори тврдат дека плаќаат на шиитски милиции, завојувани со “Исламска држава”, да го задржат снабдувањето на кешот на патот меѓу Багдад и фронтот во провинцијата Анбар. Ирачките Курди, кои исто војуваат со џихадистите, добиваат мито за да дозволат испорака да поминат низ нивните територии околу Мосул. Станува збор за плаќања во износ меѓу 1.000 и 10.000 долари.
“Исламска држава” морале да платат 2% данок на пренос на кеш во нејзините земји, а ја гарантира заштита на посредниците, додека тој дојде до менувачниците, тврдат упатените.
Постојат три правци за пренос на пари. Едниот започнува во малите улички зад “Капалчарши” во Истанбул, продолжува во ирачки Курдистан и стигнува до Мосул, кој е најголемиот град под власта на џихадистите. Друг пат го поврзува главниот град на Јордан – Аман, со Багдад и контролирани од исламистите делови од провинцијата Анбар. Третиот пат е меѓу турската провинција Газиантеп и “главниот град” на “Исламска држава” – сирискиот град Ракка.
Слични финансиски операции се традиционални за блискоисточни општество, бидејќи услугите се добри, дискретни и се вршат навремено. Операторите работат во канцеларии, кои воопшто не ја покажуваат намената или богатството.
Самите трговци се свесни за ликвидноста на партнерите и не би прифатиле трансакција која не може да биде почитува.
Измамата и грабежите се ретки. Тие се свесни дека нивните семејства ќе бидат одговорни за неплатените долгови и дека заедниците ќе ги понесат последиците од евентуална лага.
Минатиот декември САД ги притиснаа ирачките власти да забранат десетици компании, за кои се смета дека работат со џихадистите, но трговците се сомневаат дека тоа има ефект. “Во Ирак нема истражни органи и ревизори”, вели Абу Омар. “Во Ирак има луѓе кои очекуваат поткуп”.
