Ердоган разговарал за  идејата со Обама. Турскиот претседател Реџеп Ердоган нуди изградба на нов град во северниот дел на Сирија, за да бидат засолнети дел од милионите бегалци кои бегаат од  граѓанска војна во земјата.

ердоган

Во говорот во Истанбул доцна во петокот, Ердоган рече дека новиот град ќе се наоѓа во близина на границата со Турција и вели дека дури разговарал за оваа идеја со претседателот на САД Барак Обама. Тој рече дека градот ќе биде со големина од 4.500 квадратни километри и неговата инфраструктура може да биде изградена во соработка со меѓународната заедница. Бегалците од Сирија може да биде “преселувани ” таму, рече тој, според него, градот ќе биде споредлив со некои од најголемите урбани центри во САД. “Ние разговаравме  за тоа со Обама и дури разговаравме  за координатите, но идејата се уште не е” зрела “за да се оствари”, изјави Ердоган. Тој не посочи рок за тоа како може да се реализира проектот. Турција постојано се обидува да ги убеди западните сојузници да помогнат за создавање на т.н.. безбедна зона во Сирија, која ќе е  засолниште за  сириските бегалци. Овој предлог на Ердоган за изградба на постојан град, во кој ќе бидат сместени бегалците, се промовираше за прв пат, и се смета како дел од турската “пребарување” на меѓународна поддршка за решавање на бегалската криза.

Слични содржини