Пронајден е изгубен планинар

од Milan1

Рано утрово планинската спасувачка служба „Осогово“ од Кочани го пронајде изгубениот 66-годишен планинар на планината Плачковица.

Вчера околу 18 часот на единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК беше добиена информација за исчезнато лице кое заедно со негов пријател дента се упатиле по пешачка патека кон езерото Дивичев Вир на планината Плачковица. Но, пријателот се вратил дома, а 66-годишникот се изгубил во планината. Случајот бил веднаш пријавен во Полициската станица Кочани. Во потрагата на лицето прво се вклучиле членови од неговото потесно семејство.

Лицето е пронајдено живо и во добра состојба и брзо било спуштено во селото Зрновци, каде што имало возила на полицијата и на Итната медицинска помош од Кочани.

Слични содржини