„Дер Стандард“: Лидерите на ЕУ планираат да ја затворат балканската рута за бегалци

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Лидерите на ЕУ утре на средбата со турскиот пермиер Ахмет Давутоглу планираат да направат драматичен пресврт во политиката спрема бегалците и мигрантите и ќе најават затворање на балканската рута за бегалците, тврди австрискиот весник Дер Стандард.grenzen2

Весникот ова го тврди, повикувајќи увид во содржината на нацрт- заклучоците од средбата на лидерите на 28 земји членки на ЕУ и турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

Според нацртот, лидерите ветуваат дека ќе му се стави крај на нерегуларниот бран на бегалци на рутата на Западниот Балкан, а за да се ублажат последиците од ова затворање, ЕУ ќе го направи својот максимум за да и помогне на Грција. Во помошта влегува итна хуманитарна помош и безусловнатекс ќе испрати повеќе офицери во Грција на грчката граница со Македонија и Албанија. И НАТО влегува во борбата против шверцерите и бродовите на Алијансата веќе се наоѓаат во водите на Медитеранот.

Грција треба да овозможи функционирање на прифатните центри каде што бегалците ќе бидат проверени и подготвени за распределување во ЕУ.Мигранитте кои нема да ги исполнуваат условите  ќе бидат вратени во Турција.

Според весникот, лидерите на ЕУ очекуваат конструктивност и од Турција.

Договорот со Турција, според весникот, ќе почне да се реализира од 1 јуни.