Љубовен хороскоп од 7 до 13 март

од Vladimir Zorba
190 прегледи

Во втората недела на месец март во љубовта ќе има повеќе хармонија. Тоа ќе се должи на затемнување во знакот на Риби во вторникот, како и на Венера, која влегува во саботата повторно во знакот на Риби. Што ве очекува видете во љубовниот хороскоп.aceac98bf24a367dd4b4eaca123e22c6

Овен
Во втората недела на март родените во знакот на хороскопскиот знак Овен ќе се чувствуваат романтично настроени. Во прилог може да имаат силна желба да се поврзат со својот сакан на длабоко духовно ниво. Размислете за активност или патување кои ќе ве одделат од динамиката на животот и ќе имате повеќе време еден за друг.

Бик
Во оваа недела одвојте го целото време на љубениот. Испланирајте посета на кино, бар или друго што ви е пријатно. Периодот е погоден за дискутирање на важни прашања за повторно откривање на вашата врска . Ѕвездите ќе ви помогнат да имате повеќе хармонија во љубовниот живот.f1c3e79b57b01e87d58f586d867729df

Фото: istock

Близнаци
Врзаните претставници на зодијачкиот знак ќе ја почувствуваат моќната поддршка на своите партнери во однос на кариерата. Тој или таа ќе ве инспирира и ќе ви помогне да поверувате силно во своите можности. Ако сè уште не сте обврзани, има шанса да сретнете интересна личност која ќе се покаже како вашата нова партнерка.

Рак
За врзаните Ракови ќе биде вистинско задоволство да ги направат своите планови за патување со саканата. Сега е време да ги посетите оние места за кои сонувате одамна. Ако во текот на последните недели имало конфликти меѓу вас, обидете се да бидете потолерантни кон партнерот. Неврзаните претставници на зодијачкиот знак нека бидат порешителни во љубовта.

Лав

Колку ви е силна љубовта? Оваа недела ќе ви предложи искуства кои ќе ве натераат да блескате од среќа. Најдоброто нешто е тоа што и двајцата ќе се чувствувате оптимисти за тоа како ќе се развиваат односите. По саботата ве очекуваат добри вести поврзани со финансиите на вашиот партнер.

Девица

Сонцето ќе има силно влијание врз љубовниот живот на Девиците. Нов почеток ве очекува вас и партнерот. И покрај внатрешните борби кои ги доживувате, сепак ќе дадете шанса на радоста и на вниманието на вашата сакана. Позитивните емоции за врзаните Девици ќе се задржат до 5 април.

Фото: istock  

Вага

За некои претставници на зодијачкиот знак може да има многу возбудливи моменти, бидејќи на работното место ги очекува канцелариска романса. Ако во текот на последните недели сте забележале дека помеѓу вас и колегата има хемија, таа може да прерасне во нешто навистина убаво. Обидете се да ја задржите добрата комуникација помеѓу вас и не праќајте мешани сигнали. Од друга страна може да се покаете за тоа колку далеку сакате да стигнете.

Шкорпија

Љубовта е насекаде! Неврзаните Скорпиони треба да комуницираат повеќе, ако сакаат да најдат нова љубов. Забавувајте се, бидете позитивни и не отфрлајте покани за состаноци. За врзаните претставници на зодијачкиот знак периодот е погоден за дискутирање на прашања поврзани со посериозен ангажман еден кон друг. Свадба, бебе или заеднички живот. Љубовта е пред вас!

Стрелец
Ви претстои  недела посветена на семејството. Хармонијата во домот ќе ве зближи уште повеќе со саканата. Некои од вас ќе ја претстават својата партнерка пред блиските и таа или тој ќе биде многу добро прифатен. За Стрелците кои се наоѓаат во долга врска, претстојат промени поврзани со домот и особено со неговиот ентериер или мебел.

Јарец
Комуникацијата помеѓу вас и партнерот ќе се подобри во втората недела на март. Ќе имате можност да изразите сентиментални чувства кон својот сакан човек. Направете нешто силно романтично, но и нестандардно како идеја. Ќе се чувствувате инспирирани и можеби ќе донесете било какво важно решение кое влијае вашата иднина.

Водолија
Водолиите ќе бидат концентрирани на своето претставување. За среќа омилениот човек ќе ги поддржи и ќе навиваат за секој нивен успех. Довербата меѓу вас ќе порасне, а тоа ќе ве сплоти уште повеќе.

И покрај динамиката на секојдневниот живот, најдете начин да му се заблагодарите на партнерот.

Риби
Сончевото затемнување во вашиот знак во вторникот е сигнал за нов почеток во личниот живот. Потоа, во сабота, Венера ќе влезе знакот на Риби, а тоа ќе ви помогне да се чувствувате посигурни и убави. За претставниците на спротивниот пол ќе биде тешко да ви одолеат. Ако сте осамени, има големи шанси да најдете нова љубов.