Нов протест пред МВР: Спасовски да обезбеди услови за изградба на крстот во Бутел

од desk3
83 прегледи

Неколку стотици граѓани денеска во 13 часот повторно се собраа на протест пред Министерството за внатрешни работи за да бараат од министерот Оливер Спасовски да распореди полицајци и да го обезбеди просторот кај кружниот тек во Општина Бутел за да може непречно да тече изградбата на крстот.

Svetski-kongres-protest-3

Тие најавуваат дека ќе протестираат сè додека не им се исполнат барањата.

На протестот се и градоначалникот на општината Бутел, Петре Латиновски, и претседателот на општинскиот Совет, Боби Бојчевски.

Во саботата викендов, околу илјада граѓани се одзваа на повикот на Светскиот македонски конгрес (СМК) и излегоа на протест пред зградата на МВР за да искажат револт против министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој, според СМК, дозволил лица предводени од ДУИ да ги запоседнат темелите на крстот во Бутел.

А што е со другата Рангелова, со 127 гласачи во иста спална?

Минатата недела граѓани и активисти на ДУИ поставија шатори кај темелите на крстот во знак на протест против изградбата на крстот. Кампот тие го повлекоа ноќта меѓу петокот и саботата, откако неколку часа претходно ситуацијата во Бутел стана тензична, а група Македонци се обидоа да дојдат до местото, но беа спречени од полицијата.

 

МЕТА