Еве како функционира системот Ердоган- на ТВ “лизни-мазни патриот”, во реалноста “џелат во договор со судиите”

од desk3
211 прегледи

Системот Ердоган е систем на самоволие, а последната негова жртва е критичниот весник “Заман”. При тоа на Ердоган му е сеедно што мисли светот за неговите своеволија. Бидејќи покрај бегалската криза тој стана незаменлив- DW пренсува  текст на Frankfurter Allgemeine Zeitung.

0,,19095742_303,00
Системот Ердоган оперира на следниов начин: неколку десетици “верни” судии беа прогласени за т.н.. “Мировни судии”, а Ердоган ги инсталира “верните” и во обвинителството и направи така што никој да нема право да поднесе жалба против нивните пресуди. Сега е доволно овие судии да наведат во своите одлуки концепти како “сомневање за тероризам” или “сомневање за шпионажа” – и портите на самоволие се отвораат широко.

Бидејќи Ердоган сака да ги прогласува критичарите за “терористи”, а новинарите – за “шпиони”, т.н.. “Мировни судии” му служат како корисна алатка за отстранување на непријатните и оние кои размислуваат различно. Системот Ердоган ја укинува правната држава и слободата на мислењето, а најновата, но сигурно не и последна жртва на овој систем е весникот со најголем тираж – “Заман”.

Во Пентагон разговараат за постојани војници на САД во Европа

Полицијата упаднаа овој бастион на слободниот печат со солзавец и водени топови. А на Ердоган му е сеедно што мисли светот за неговите своеволија. Покрај бегалската криза тој стана незаменлив за Европа, а во самата Турција нема никој кој би можел да му се спротивстави. Само што благонадеждните партнери изгледаат поинаку …