Наумов: Денеска државата се задолжи со нови 81 мил. евра, дали Ставревски ќе ги „истури“ во предизборниот период !?

од desk3
95 прегледи

Министерството за финансии на денешната аукција на државни хартии од вредност запиша 81 милион евра во државни записи. Повторно повеќе од потребното за враќање на доспеаните обврски.

Заклучно со денешната аукција нето долгот од почетокот на годината е 60 милиони евра.

kire-naumov

Министерот Ставрески треба да им објасни на граѓаните кој е основот за овие задолжувања.

Дали овие средства планира да ги „истури“ во предизборниот период или е свесен за реалната економска состојба и погрешните економски политики на Владата на РМ во изминатиот период?

Дали ваквите задолжувања се последица на општата намалена економска активност и драстичното намалување на редовните приливи во буџетот?

И Народната банка на РМ во последниот извештај за макроекономските показатели констатираше потфрлање во приливите од ДДВ, данокот со најголемо учество на приходната страна.

Во 2015 година и според НБРМ приливите од ДДВ се пониски за 6.3% од проектираните и што е уште поалармантно, во апсолутен износ приливите од ДДВ во 2015 година се пониски од износот собран во 2014 година.
Интегрален текс