Часот на планетата Земја 2016

од Vladimir Zorba
129 прегледи

Нов македонски видеоспот за акцијата Часот на планетата Земја 2016 денеска беше промовиран во пресрет на најголемата волонтерска акција која има за цел преку симболично исклучување на осветлувањето во период од еден час да се испрати силна порака за спас на планетата.

20140329-mrak

Еколошка акција со исклучување на светлата за еден час се организира во преку 7.000 градови во над 170 држави. Во едноминутното видео се појавуваат инсерти од локациите кои го исклучија осветлувањето за Часот на планетата Земја во изминатите години, но и кадри од центарот на Скопје.Оваа година, акцијата Часот на планетата Земја е поддржана од Црвен крст на Република Македонија, Град Скопје, ЕВН Македонија и Канцеларијата на УНДП во Македонија. Голема поддршка за акцијата даваат и голем број медиуми, невладините организации, бизнис секторот и граѓаните./МИА