За резолуцијата за нашата земја, од словенечкиот европарламентарец Иво Вајгл, каде дебатата во Европскиот парламент (ЕП) попладнево траеше повеќе од еден час, претставничката на Советот на ЕУ во воведот рече состојбата во земјата е критична, политичката криза упорно трае, слобода на изразување не е на високо ниво и Европа е сериозно загрижена, јави Нова.
Според неа, Пржино е вистинскиот одговор а витално е изборите од 5 јуни се прв значаен чекор кон подобрување на состојбата. Во име на Советот на ЕУ таа побара независна истрага за кумановските настани, активна Анкетна комисија за прислушувањето и поддршка за Специјалната обвинтелка.
Резолуцијата ќе биде ставена на гласање денеска и со неа се бара отворање на преговори за членство со Македонија но се очекуваат фер избори за да може ЕУ да ја повтори и потврди препораката за преговори.
Во кусиот говор на хрватскиот пратеник Тонино Пицула, тој потсети дека илегалните прислушувања на илјадници граѓани, закани до новинарите, раширената корупција и честото преплетување на државничките и партиските активности, резултираа со длабоки поделби без политички дијалог.
Комесарот за проширување Јоханес Хан потсети дека е потребна примена на извештајот на Прибе и додаде дека меѓуетничката ситуација во Македонија не е добра и инсистираше дека е потребно брзо да се направи ветениот преглед на Охридскиот договор.
Хан: Во Македонија не се подготвени за тешки одлуки
Ричард Ховит, еден од пратениците медијатори во политичката криза, потсети дека САД и ЕУ не се согласуваат со тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека имало договор токму со меѓународната заедница дека нема да има нови реформи во медиумите:
Ховит условено: Или зачувајте ја демократијата или ја повлекуваме препораката
Помеѓу пратениците кои се јавија за збор имаше многу поддршка за работата на Специјалното обвинителство кое треба да ги истражи соменијата за злоупотреби од страна на политичарите.
Ванхауте за Алсат М: Мислам дека нема да има нова средба на работните групи за медиуми пред избори
Една од главните пораки упатени од ЕП беше остра. Таа вели дека политичарите во Македонија не ги исполнуваат нивните обврски и нема да можат вечно да ги избегнуваат задачите Примена на овој договор води до фер избори.