Оливер Стоун ќе снима филм за Сноуден надвор од САД

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Оливер Стоун најави дека ќе го снима својот филм за поранешниот агент на американските служби Едвард Сноуден надвор од САД.

стоун

Познатиот режисер Оливер Стоун најави дека ќе снима свој филм за поранешниот агент на американските служби Едвард Сноуден надвор од САД, бидејќи се плаши од можна интервенција на владата во Вашингтон. Филмот на Стоун е базиран врз книгата на рускиот адвокат Анатолиј Кучерена “Time Of The Octopus”. Филмот е поврзан со поранешниот соработник на ЦИА, кој е обвинет за шпионажа против САД, откако поради него во јавниот простор истекуваат доверливи информации за масовно прислушување и следење од страна на американски и британски служби. Првично проектот на Стоун мораше да биде снимен во САД, но режисерот одлучи да ги префрли студијата   во Минхен, за да избегне проблеми со претставници на американската Агенција за национална безбедност (АНС).

“Ние се преселивме во Германија, бидејќи не се чувствуваме удобно во САД”, изјави Стоун за време на дискусија во рамките на филмски фестивал во Ајдахо, цитиран од “Контактмјузик”. “Се чувствував дека таму сме во ризик. Ние не знаевме што може да направи АНС, па отидовме во Минхен “, додаде тој. Првично Стоун има инхибиции во однос на филмот, но по средбата со Сноуден кој се крие во Русија, останува импресиониран. Режисерот сепак признава дека настојувањата  не му се лесни. “Н е беѓше лесно ниту  со студио за да го поддржи (филмот – бел. Ред.)”, вели тој и додава дека “беше исклучително тешко за финансирање, исклучително тешко за наоѓање на актерски тим”. Стоун напомена дека финансирањето за филмот е добиено само неколку дена пред да започне производството . Тој исто така изјави дека за него е чудно како снимањето на филмот за Американец не може да најде финансиери во самата Америка. “Ни велат дека имаме слобода на изразување, но начинот на размислување се финансира, начинот на размислување се контролира, медиумите исто така се контролираат … на едно одредено ниво не е дозволена критика. Човек може да направи филмови за мртви борци за граѓански слободи, но не е лесно да направиш таков за жив човек “, посочи уште Стоун.

Филмот за “Сноуден”, во чија главна улога влегува актерот Џозеф Гордон-Левит, се очекува да излезе во кината во септември оваа година. Ова не е и единствениот филм за поранешниот агент, кој ќе излезе на големиот екран. Продуцентот на филмовите за Џејмс Бонд – Барбара Броколи  исто така, работи по лента за Сноуден базиран на книгата на новинарот Глен Гријнвалд “No Place to Hide: Edward Snowden, the NSA and the US Surveillance State”.