Тоа се групи од осамени агресивни млади мажи кои не се вистински бегалци
Мигрантите, решени да продолжат по патот низ Европа, сечат дупки во оградата на грчко-македонската граница и се протнуваат во групи од по 10 луѓе, пишува MailOnline. Граничар кој побарал анонимност, изјавил дека бегалците “постојано наоѓаат нови дупки во оградата”, но кога се фатени, тие се идентификувани и вратени назад во Грција, додава тој.Откритието беше направено на позадината на одлуката на Македонија , по онаа на Австрија, Словенија и Србија за целосно затворени граници за три дена, ги принуди и мигрантите “на агресивно однесување”. ТАквите да бараат нови, нелегални начини да навлезат во Европа, велат експертите.
Речиси 14 000 луѓе од Блискиот Исток, Африка и други делови на светот се собраа во граничниот камп Идомени, каде условите за живот се под секаква критика. Наводно, бегалците, и покрај напорите на властите, успеваат да навлезат преку оградата, предизвикувајќи игра на мачка и глушец со полицијата. Повеќето од нив се “агресивни” осамени мажи, кои знаат дека нема да добијат азил, бидејќи не се вистински бегалци, додаваат експертите. Македонија, откако прогласи вонредна состојба и распореди голем број оклопни возила со митралези на границата. Тука има и меѓународни полицајци но, тоа не го излади ентузијазмот на нови пристигнувања. Наводно, на граничарите ќе бидат поделени и електрошокови, кои ќе им помогнат да го контролираат бегалскиот поток.

Последниве дождови пак кампот го претворија во мочуриште. Хуманитарните работници и родителите едвај успеваат да ги заштитат своите деца и да останат суви. Некои од нив се преместени во засолништа. Десетици деца се хоспитализирани откако се заразиле со инфекции. Лекарите се борат на место да спречат појава на епидемија, пишуваат британските медиуми.