Нa ГП Блаце уапсен висок косовски функцинер баран за воени злосторства како дел од УЧК

од desk3
136 прегледи

На барање на српското Министерство за внатрешни работи, а по наредба на Интерпол, македонската полиција го уапси шефот на протоколот на Министерството за Косовските безбедносни сили Гафур Дуголи , под обвинение за воени злосторства во времето кога тој бил член на ОВК, објавија денеска српските и косовските медиуми-информира Танјуг

02072013185043uapsen_0
Дуголи беше уапсен вчера на преминот Блаце, кај Генерал Јанковиќ, кога тој отишол по виза во Амбасадата на САД во Скопје.

Косовското мнистерство објави дека косовската влада е посветена на неговото ослободување.