Измамените од “Фиком” излегоа на протест, побараа независно судско тело да го решава случајот

од desk3
153 прегледи

Измамените купувачи на станови од аферата „ФИКОМ“ протестираа кај зградите во скопска Кисела вода против стечајните и судски постапки кои се развлекуваат низ судовите повеќе речиси 10 години со кои тие се оштетени.

download

– Бараме да се формира независно судско тело кој ќе ги преиспита судските пресуди во оваа постапка и за одредените судии кои го направиле тоа да се преземат санкции – изјави Лорија Ваневска.

Демонстрантите најавија формирање на здружение на сите оштетени граѓани во градежните афери во Македонија со цел да се обештетат луѓето и да и се каже стоп на градежната мафија.

Сопственикот на градежната фирма Фиком, Никола Николиќ беше осуден на 10 години затвор за оваа градежна мега афера, но пред 1 година тој се обеси во затворот во Штип.