Коцијанчиќ за “Телма”: ЕУ не префрла кеш пари на владини банкарски сметки, туку преку фондови

од desk3
124 прегледи

Портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанцич за Телма изјави дека Европската унија не префрла кеш пари на банкарски сметки на македонската влада, туку преку фондови ги поддржува активностите кои се потребни за справување со мигрантската криза.

ivanov

Ова е одговорот на прашањето: Колку пари Унијата и дала на Македонија за справување со кризата, откако вчера претседателот Иванов во интервју за германски Билд ја обвини Европската унија дека досега не префрлила ниту еден цент за решавање на овој проблем.

-Поддршката за земјата за активности наменети за гранично управување и миграција досега изнесува речиси 50 милиони евра. Едно нешто е важно-правилата за тоа како ние ги користиме парите на даночните обврзници се многу конкретни.

Повеќе ТУКА