Mакедонецот уапсен за “тероризам” во Италија бил баран од судот во Гостивар, таму живеел со Бугарка…

од desk3
94 прегледи

Македонецот, кој беше уапсен во Италија под сомнение за терористички активности, живеел со Бугарка, пренесе Il Tempo.

italija-policija-epa-main

Македонецот е уапсен при операција на 2 ноември 2015 година, откако во јули судот во Гостивар издал наредба за негово апсење по низа обвиненија, меѓу кои закана за јавната безбедност, нелегално поседување оружје и експлозиви и напад врз претставниците на власта.

Во Рим заедно со свои истомисленици тој планирал да замине за да се бри на страната на “Исламска држава” во Сирија и Ирак, како и да изврши напади во западните земји, меѓу кои и Франција.