Возникнува ли троен сојуз меѓу Грција, Турција и Германија?

од desk3
127 прегледи

Бегалската криза ги зближува Атина и Анкара, кои имаат интерес да соработуваат и да не дозволат да бидат врзани за бегалската криза. А исто така и Берлин. Можен ли е нов троен сојуз меѓу нив?

migranti

Интервју на DW со Гералд Кнаус, експерт за Југоисточна Европа од експертската група “Европска стабилизациска иницијатива (ESI)

ДВ: Турција предложи да прифаќа назад бегалци од Грција, ако во замена на тоа ЕУ прифаќа за секој вратен бегалец по еден сириски бегалец од Турција. Како го оценувате овој предлог?

Гералд Кнаус: Ова е еден искрен предлог. Важно е овој предлог да биде спроведен во согласност со грчките и европските закони. Тие предвидуваат дека бегалците кои достигнуваат до грчките острови, можат да бидат вратени во Турција, ако земјата е подготвена да ги прифати назад. Оваа шема ќе биде оперативна само тогаш кога тие нема да поднесат барање за азил. А секој бегалец има право да поднесе поединечно барање за азил. Тогаш тоа може да биде разгледана брзо, бидејќи за бегалци Турција е безбедна трета земја. Треба да сме свесни дека може да се постигне уште многу со реформи и финансиска поддршка од ЕУ за подобрување на условите на бегалците во земјата. Моментално условите за бегалци во Грција се полоши во споредба со оние во Турција.

Клучни се изборите во 3 провинции кои можат да ја решат иднината на Меркел

ДВ: Склони ли е ЕУ на компромиси во однос на Турција, или тој се остава да биде уценуван од Анкара?

Гералд Кнаус: Премногу дрско е да се тврди дека Турција се обидува да ја уценува ЕУ кога станува збор за бегалците, бидејќи Турција е земјата која донела најмногу бегалци – многу повеќе од која и да било европска земја. Истовремено ЕУ сака Турција да ги задржи бегалците на својата територија. И кога Турција вели дека има потреба Ог финансиска помош од ЕУ, која е заинтересирана за тоа, не може да се зборува за уцена. Притоа Анкара бара дополнителни средства дури за 2018 година. Од друга страна е јасно дека ЕУ не може да го забрза процесот за пристапување како подарок за тоа дека Турција помага во решавањето на бегалскиот прашање. Турција сака да бидат отворени уште глави во пристапниот процес. Таа сепак може да стане полноправен член на ЕУ, дури откако сите 28 земји-членки ќе ги одобрат сите глави во преговарачкиот процес. Но засега е премногу рано да се зборува за тоа.

ДВ: Што стратегија брка Турција на среднорочен и долгорочен план?

Гералд Кнаус: Турција има две цели. Турција не сака да биде напуштена сама во бегалската криза, бидејќи поаѓа од претпоставката дека ќе пристигнат уште повеќе бегалци. Турција сака да биде сигурна дека нема да биде претворена во бегалски камп на Европа. И дека сега ќе добие повеќе помош од Европа. Втората цел на Турција е да биде во добри односи со Германија. Турција има интерес во ЕУ да имаат успех кај противниците на исламофобската, анти-миграциска политика и анти-муслиманска реторика, како Германија. Ако договорот меѓу Турција и ЕУ пропадне, единствената алтернатива за Брисел би била да издигне нова ѕид на Балканот и да ја запечати како Турција, така и Грција. Многу средноевропски земји работат интензивно во оваа насока.

ДВ: Како ги оценувате шансите за сојуз меѓу Грција, Турција и Германија, кои се спротивставија на политиката на херметичко затворање?
Гералд Кнаус: Се надевам дека приближувањето меѓу Германија и Турција ќе доведе до подобрување на односите меѓу двете земји. Предуслов за тоа, сепак, е Турција да го продолжи започнатото пред неколку години, односно да работи за подобрување на човековите права. И ние треба постојано да ја потсетуваме за тоа. Можеме да се надеваме дека ситуацијата во Егејското Море ќе се смири, кога во иднина турските власти ќе работат заедно со Грците по грчките острови. И кога Грција и Турција ќе разберат колку е важнљ оваа соработка. Всушност, границата со Грција е најсигурна и пријателска граница за Турција. А инаку околу Турција беснеат конфликти, таа е опкружена со слаби држави и непријатели.

ДВ: Земјите-кандидати за членство во ЕУ учествуваат во затворањето на границите. што значи тоа за нив?

Гералд Кнаус: Во секој поглед претставата дека преку огради и кампови може да биде запрен приливот на бегалци, е катастрофа за балканските држави. Речиси сум сигурен дека тие нема да успеат, бидејќи шверцерите ќе најдат нови правци. Освен тоа, во Скопје или Белград си го поставуваат прашањето дали пристапот на ЕУ кон нив ќе биде иста како и кон Грција денес. И што може да очекуваат како полноправни членови на Унијата.

* Австрискиот експерт за Југоисточна Европа Гералд Кнаус е шеф на експертската група “Европска стабилизациска иницијатива / ESI / со канцеларии во Берлин, Брисел, Истанбул и Виена.