(ВИДЕО) Во вторник протест и бдеење пред Уставниот суд

од desk3
99 прегледи

12814489_1071247036268180_9086897249951102290_n

Бдеење за Уставот сѐ до оставка на (не)уставните судии
(вторник, 15 март, 18 часот – среда, 16 март)

АЈДЕ – Платформата за граѓанска политика ги повикува сите слободоумни граѓани и граѓанки на Република Македонија, сите членови на организации, здруженија, иницијативи, синдикати и политички партии, масовно да учествуваат на протестот и бдеењето за Уставот, затоа што (не)уставните судии во среда, на 16-ти март, планираат експресно да ја донесат одлуката за помилување на изборниот криминал и други тешки криминали.

 

 

Бдеењето за Уставот ќе започне со протестен марш на 15-ти март, во вторник, во 18 часот, пред зградата на Владата. Граѓаните ќе се упатат кон Народната канцеларија на Претседателот на државата, потоа кон Собранието на Република Македонија и на крајот ќе пристигнат пред Уставниот суд и таму ќе останат во текот на ноќта и одржувањето на закажаната седница на Уставниот суд.
На ваков начин ние, граѓаните, решително и бескомпромисно ќе им порачаме на уставните судии: Елена Гошева, Никола Ивановски, Владимир Стојаноски, Вангелина Маркудова и Јован Јосифовски дека мора да ја поништат одлуката за помилување и дека мора да си поденесат оставка.
Тие се „гробари“ на Уставот и соучесници на власта во изборните кражби, затоа што причинско-последичната врска меѓу нивната одлука и случајот „Титаник“ е повеќе од очигледна.
НЕМА ПРАВДА – НЕМА МИР!

 

Интегрален текст