Турската полиција уапси четири лица во југоисточна Турција во врска со автомобилот употребен во нападот со автомобил-бомба вчера во Анкара, при што загинаа 37 лица, соопшти Ројтерс, повикувајќи се на агенцијата Анадолија.
Според извори од безбедноста, цитирани од агенцијата Анадолија, четворицата биле уапсени во градот Санлиурфа (јужна Турција), откако било утврдено дека колата била купена од автомобилски изложбен салон во градот.
Четворицата осомничени ќе бидат однесени во Анкара.
