Пет медиумски организации на средба со СДСМ

од Vladimir Zorba
118 прегледи

 

Претставници на пет новинарски и медиумски организации денеска се сретнаа со Претседателот на СДСМ Зоран Заев на која беше побарано објаснување зошто пропаднаа разговорите за медиумите. Претставниците на организациите укажаа на потребата за медиумски реформи пред изборите закажани за 5ти јуни како и СДСМ да има јасни и транспарентни ставови за тоа прашање.

Sredba-so-pretstavnici-na-mediumskite-zdruzenija-735x400_0
Беше оценето дека предлогот на СДСМ, 0.5 проценти од буџетот да се одвои за финансирање на МРТ не го решава проблемот со финансирање на јавниот сервис. Со предлогот се менува начинот на финансирање, но не се зголемува буџетот на МРТ. Потребни се целосни решенија кои на долг рок ќе ги решат проблемите на медиумите.
Претставниците на организациите инсистираа СДСМ да се залага за забрана на владиното рекламирање, департизација на советите на МРТ и Агенцијата за медиуми, интернет порталите да се изземат од Изборниот законик и да се расветлат сите случаи на насилство против новинари.
Беше истакнато партиите да не ги користат медиумите за меѓусебна пресметка затоа што тоа не помага за подобрување на состојбата со медиумите во Македонија.
Петте организации побараа средби со сите четири партии на кои треба да ги објаснат нивните позиции во врска со медиумските реформи.

Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ)
Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ)
Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ)
Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и
Институтот за комуникациски студии (ИКС)

15 март 2015, Скопје