Паника во САД! 28% од Американците подготвени да емигрираат, ако Трамп стане претседател

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Повеќето мислат да тргнат кон Канада

трампо

Анкета спроведена во последните денови меѓу Американците покажа алармантна тенденција- страв од евентуалното избирање на Доналд Трамп за претседател, пишува The Hill. За повеќето од идните емигранти, Канада е местото каде би отишле, покажуваат податоците. Тоа веднаш предизвика реакција на властите во соседната држава и премиерот Џастин Трјудо кој изјави дека во Канада ќе се радуваат на сличен настан иод срце ке бидат пречекани Американците.

хилариХилари Клинтон, која е веројатен кандидат против Трамп на изборите наесен е убедена дека нема како ексцентричниот милијардер да победи и да влезе во Белата куќа. Но таа е категорична дека дури и тоа да се случи, нема да ја напушти државата.

Инаки републиканецот Доналд Трамп и демократот Хилари Клинтон победија на партиските избори во Флорида во еден од најтешките денови на гласањето за кандидати за трката за иден претседател на САД. Екс државниот секретар Клинтон го победила нејзиниот ривал Берни Сандерс во Северна Каролина и Охајо. Милијардерот Трамп пак извојува лесна победа над Марко Рубио во Флорида со што обезбеди 99 делегати за партиската конвенција во јули годинава. Трамп победи и во Северна Каролина и Илиноис.