Јункер: Турција не е моментално подготвена да се приклучи кон ЕУ

од Vladimir Zorba
87 прегледи

 

Шефот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави дека верува оти Европската унија би можела да постигне договор со Анкара за надминување на мигрантската криза во пресрет на денешниот самит во Брисел по тоа прашање, но оцени дека Турција моментално не е подготвена да се приклучи кон ЕУ. junkerrak-540x320

– Јас сум умерен оптимист во врска со тоа дека ќе склучиме обврзувачки договор со Турција, напиша Јункер на Твитер, повторувајќи ги оценките, кои ги даде за германскиот весник „Ханделсблат“.

Јункер наведе дека не очекува дека Турција ќе стане членка на ЕУ следните десет години.

– Турција моментално не е подготвена за пристапување кон ЕУ. Мислам дека тоа нема да биде случај ниту за десет години, истакна тој.