Ако не постигнеме договор, тогаш Грција ќе треба да се справи со еден милион мигранти.
Пропуштањето на мигранти е минато. Ние сме должни да ги затвориме сите правци. Тоа го рече австрискиот канцелар Вернер Фејман за време на седница на парламентот во Виена, на која се разговараше за бегалската криза. Фајман истакна дека властите во Австрија ќе дејствуваат решително во примената на новата политика кон бегалците. Канцеларот предупреди дека нема да дозволи поради договорот меѓу ЕУ и Турција, Австрија да се откаже од своите вредности. “Ние не треба да остануваме на впечатокот дека сме се предале”, рече од своја страна Вице Премиер Рајнхолд Митерленер. Вернер Фејман обрна внимание на потребата од постигнување на договор со Турција. Ако не постигнеме договор, тогаш Грција ќе треба да се справи со еден милион или повеќе бегалци, предупреди австрискиот канцелар. Балканскиот пат треба да остане затворен. Хуманитарните организации да не создаваат лажни очекувања. Апелирам Грција да не пропушта бегалците кон македонската граница, истакна од своја страна Митерленер за време на дебатите. Фајман и Митерленер го потврдија својот повик кон Германија јавно да објави горна граница за прием на бегалци.
Потсетуваме дека т.н.. Балкански пат, во кој минатата година поминаа над еден милион мигранти официјално беше затворен за време на самитот на 7-ми март во Брисел ЕУ-Турција. На почетокот на оваа недела властите во Грција со помош на вработени од невладини организации организираа инвазијата на над 1.500 мигранти во Република Македонија. Сите тие беа вратени назад во Грција следниот ден