Вака тоа изгледа во “паметот” на Путин: Операцијата во Сирија “подобра вежба од воени вежби”

од desk3
92 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин ја окарактеризира руската воена операција како “подобер тренинг за руските сили од воената вежба”, пренесе Ројтерс.

Во четвртокот Путин, кој е врховен командант на вооружените сили, награди со ордени и медали 17 војници, вклучувајќи една жена, кои учествувале во “антитерористичката операција” во Сирија.

Great-Russian-war-report-on-Syrian-special-brigade-Desert-Eagles-Part-I

Тој даде оценка “одличен” на руските пилоти и изјави дека врз стратегиската и тактичката авијација била најголемиот товар во спроведувањето на најсложените и опасни задачи во Сирија. Путин повторно изјави, цитиран од ТАСС дека задачата на Русија во Сирија била борбата против тероризмот, за да не се дозволи ширење на територијата на Русија.

Според него од самиот почеток Русија изјавила дека нема намера да се вовлекува во внатрешно-сирискиот конфликт и дека наоѓање на конечната одлука за иднината на земјата е во рацете на самите Сиријци.

“Борбата против меѓународниот тероризам е фер и точна, тоа е борба против непријателите на цивилизацијата, со оние кои носат варварство и насилство, се обидуваат да ги ликвидираат големите хуманистички вредности на кои се крепи светот”, рече рускиот претседател и изрази верување дека Русија ” го пројави своето несомнено лидерство, волја и одговорност”.

Истражување на ОН : Данска е земја на најсреќните луѓе во светот

Според рускиот лидер Русија има создадено со активностите во Сирија услови за мировен процес и го отворила патот кон мирот. Тој посочи дека борбата против тероризмот во Сирија ќе продолжи и дека Русија ќе продолжи да го следи почитувањето на примирјето.

Путин соопшти дека руските системи за ПВО С-400, кои остануваат во Сирија, ќе бидат распоредени постојано и ќе целат против секој кој ги загрозува војниците од РФ. Тој исто така рече дека Русија ќе биде во можност да го зголеми военото присуство во Сирија, доколку е потребно, само за неколку часа.

TOPSHOTS Kurdish Syrian girls are pictured among destroyed buildings in the Syrian Kurdish town of Kobane, also known as Ain al-Arab, on March 22, 2015. AFP PHOTO/YASIN AKGUL

Тој посочи дека одлуката за делумно повлекување од Сирија било усогласено со Башар Асад, кого го пофали за “конструктивната му позиција, воздржаност, искрен стремеж кон мир и подготвеност за дијалог и компромис”.
Путин спомена дека износот што ја чинела земјата за воено-воздушната операција во Сирија. Учеството во борбата против терористите од “Исламска држава” земало на благајна 33 милијарди рубљи – околу 420 милиони евра. Според зборовите на Путин парите биле земени од буџетот на Министерството за одбрана, предвидени за спроведување на научна и борбена подготовка.