(ВИДЕО) СДСМ: Што крие уредничкото дуо од Сител Телевизија, нивните фирми се сега неактивни…

од desk3
182 прегледи

Поврзаноста на медиумскиот мрак и корупцијата, односно личното богатење на главните медиумски протагонисти на Никола Груевски се уште една причина зошто се потребни реформи во медиумите.

Јавноста знае дека Драган Павловиќ-Латас, куќниот пријател на Никола Груевски и одговорен уредник на Сител телевизија, е управител или сопственик на неколку фирми преку коишто врти илјадници евра.

-зад-противењето-на-реформите-во-медиумите-се-кријат-бизнис-интереси

Но, зошто сите фирми кои беа во заедничка сопственост на Латас и Ивона Талеска, со седиште на Градски стадион бб, каде што е седиштето и на Сител телевизија се неактивни?

• ЛИНЕА МЕДИА ДОО Скопје неактивна
• ТОТАЛ МАРКЕТИНГ АГЕНЦИЈА ДООЕЛ Скопје неактивна
• СМАРТ АНАЛИТИКС Скопје неактивна
• Тотал Медиа ПР неактивна
• МЛАДИНСКИ ЛИДЕРИ-Скопје неактивна

Зошто се затворени фирмите преку коишто се остваруваа приходи од илјадници евра?

На пример, ТОТАЛ МАРКЕТИНГ ДООЕЛ Скопје, каде управител е главниот и одговорен уредник на телевизија Сител, Драган Павловиќ Латас, со нула вработени, во 2011 година остварила приходи од 264 илјади евра.

Во период од 2011 до 2014 година оваа фирма остварила приходи од 687 илјади евра приходи, со нула вработени.

Што крие уредничкото дуо од Сител Телевизија?

Дали противењето на некои медиуми, по секоја цена да не се спроведат реформи во медиумската сфера, не се ништо друго освен штитење на бизнис интересите и личното богатство на главните уредници-протагонисти на Никола Груевски?
П1: За Уставниот суд некоја реакција?

Одлуката на Уставниот суд всушност е потврда на ВМРО-ДПМНЕ дека ги краделе изборите во изминатиот период. ВМРО-ДПМНЕ е единствената политичка структура во Република Македонија којашто има политички интерес да биде донесена одлука за амнестија на изборниот криминал . Со самото тоа што Никола Груевски управува со дел од уставните судии во уставниот суд на Република Македонија, истиот потврди дека ги крадел изборите во изминатиот период.

П2: ДИК не успеа да си ја заврши работата, не успеа да заврши со вкрстената проверка, односно дојде до податоци кои очигледно се фрапантни. Има неколку стотици илјади несовпагања . На што се должи тоа?

Државната изборна комисија е орган којшто ја има најголемата одговорност во Република Македонија да ја врати довербата на граѓаните во избирачкиот список, бидејќи само со чист избирачки список Република Македонија може да има фер и демократски избори што се основен предуслов за излез од тешката политичка криза.

П3: Koj е ставот на партијата за новото мислење на Венецијанската комисија за законот за заштита на приватноста и забелешките?

Преодните одредби од законот за бомбите беше инсистирање на Социјалдемократскиот Сојуз бидејќи во тој период сметавме дека она што е јавен интерес на граѓаните на Република Македонија не може да биде предмет на необјавување. Секој оној којшто е дел од јавниот политички живот, особено носител на високи државни функции мора да сноси одговорност за своето работење и баш заради наше инсистирање таа преодна и завршна одредба дека тој закон ќе стапи на сила откако ќе даде мислење Венецијанската комисија беше ставен во законот. Она мислење коешто го има дадено Венецијанската комисија во целост кореспондира со ставот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, а тоа е дека носителите на високи државни и политички функции во нашата држава ќе мора да сносат одговорност за своите дела, односно недела и кривични дела во изминатиот период. Во Република Македонија еднаш засекогаш мора да почне да владее правото, мора да се почитуваат законите, мора да има одговорност за сите криминални дејствија. Европска Република Македонија е таква држава за којашто Социјалдемократскиот Сојуз се залага и за којашто ќе се избориме заедно со нашите граѓани.

П4: Дали тоа значи дека во иднина може да очекуваме повторно објавуање на бомби?

Како дел од политичкиот договор од Пржино е да не се објавуваат понатаму бомбите и знаете дека ние веќе и немаме таков тип на материјали бидејќи сите се предадени во Специјалното јавно обвинителство, меѓутоа тоа е сериозен индикатор дека секој којшто поседува сознанија за евентуални кривични или недозволени дела на носители на високи државни функции ќе може да ги објавува.
П5: Германската амбасадорка денеска рече дека никој не знае дали ќе има избори на 5-ти јуни. Знаете ли вие?

Ние цело време инсистираме дека на Република Македонија и се потребни фер и демократски избори. Фер и демократски избори можеме да имаме само ако биде спроведена реформа во медиумската сфера и ако биде прочистен избирачкиот список. Доколку тие услови се исполнат во најскор временски рок не е проблем да се оди на избори.

П6: А преговарате ли за медиумите?

ВМРО-ДПМНЕ е единствената политичка партија којашто не го прифати решението коешто беше понудено на маса од страна на Европската комисија. Воколку ВМРО-ДПМНЕ денеска го прифати тоа барање, преговори за медиумите и нема потреба да има бидејќи се само тие коишто се противат на реформите. И денешната прес-конференција којашто ја одржавме кажува дека очигледно има длабоки не само политички , туку и поинаков тип на интереси на Никола Груевски и на таа една свита од педесетина луѓе околу него коишто не сакаат да имаме реформи во оваа сфера во државата.