Вработните во државната администрација во Казахстан од 24 март не ќе смеат да користат смартфони на своите работни. Забраната се однесува и на сите посетители на државните институции, кои своите паметни телефони ќе бидат должни да ги оставаат на влезот на владините згради, пренесува МИА.

Како што јавуваат западните медиуми, казахстанските власти се решиле на ваквиот потег со цел „да спречат истекување на информации од документи со доврливи содржини“.
Во одлуката за оваа забрана се наведува дека таа се воведува затоа што „зачестиле случаите на истекување доверливи информации преку мобилната апликација ВатсАп“.
Поради ова на државните службеници им се наредува на работните места да користат само „обични“ мобилни телефони без камери и им се ограничува пристапот до интерент.
Казахстанските медиуми често објавуваат инфорамции кои потекнуваат од доверливи документи. Последни во низата вакви случаи беа информациите за палнови за приватизација на државен имот и за девалвација на националната валута, детали од ревизиорски извештаи на државни фирми, како и еден видео запис поврзан со судски процес за убиство.