Гулаби со мали ранчиња го мерат квалитетот на воздухот во Лондон

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Мала армија на гулаби пуштени се во Лондон во воздухот со цел за борба против загадувањето на воздухот. photo_verybig_107867

Јато гулаби вооружени со мали ранчиња на кои се наоѓа сензор кој го мери загадувањето на воздухот со GPS се пуштени во понеделникот во Лондон со цел да го мерат загадувањето на воздухот.

Воздушната патрола со гулабите е проект кој го води експертот Брајан Вудхаус.

Ранчињата ги креирала компанијата Plume Labs, а специјалните сензори ја мерат присутноста и количината на нитроген диоксид, озон и на други штетни честички.

Птиците ќе го мерат квалитетот на воздухот неколку дена по ред.