Јавноста знае за грстот фирми со седиште на адресата на Сител телевизија, Градски стадон ББ Скопје. Сопственост на Латас и Ивона Талеска.
Зошто овие фирми сега се неактивни нема одговор.
Можеби затоа што има други фирми преку коишто се вратат илјадници евра?
Граѓаните се охрабрија. Луѓе блиски до ВМРО-ДПМНЕ, вработени во провладините маедиуми, до СДСМ, ги доставија следниве информации:
Куќниот пријател на Никола Груевски, уредникот на Сител, Драган Павловиќ Латас додека затвора едни, отвора други фирми. Со слични имиња.
Тотал Медиа Центар ДООЕЛ
Макс Медиа ДООЕЛ
Тотал Маркетинг ДООЕЛ
Медиамакс ДООЕЛ
Едни фирми се неактивни на Градски стадион ББ. Други фирми се отворени и активни на друга адреса.
Фирми со нула вработени. Ама носат нови пари. Регистрирани на Булевар Илинден 103/12 во Скопје.
Овие четири фирми, за само три години, оствариле приходи од над 736 илјади евра.
Тотал Медиа Центар, управител и сопственик Латас, остварила приходи од над 112 илјади евра.
Медиамакс ДООЕЛ Скопје, сопственост на Ивона Талеска, управител Латас, остварила приходи од речиси 200 илјади евра.
Потсетуваме, Талеска е дел од извршниот одбор на МАН, главен противник на реформите во медиумите.
Дали противењето на некои медиуми, по секоја цена да не се спроведат реформи во медиумската сфера, не се ништо друго освен штитење на бизнис интересите и личното богатство на главните уредници-протагонисти на Никола Груевски?
Поврзаноста на медиумскиот мрак и корупцијата, односно личното богатење на главните медиумски протагонисти на Груевски се уште една причина зошто се потребни реформи во медиумите.
П1: Амбасадорката Оер денеска рече дека е потребно многу време за да се направи теренска проверка на списокот на ДИК. Вчера германската амбасадорка рече дека никој не знае дали ќе се одржат изборите на 5-ти јуни, а Груевски рече дека се подготвени за такво нешто. Ваш коментар?
Никола Груевски ја убедуваше македонската јавност дека Избирачкиот список може да се причисти за изборите на 24-ти април. Никола Груевски е човек кој нема политички интерес во Република Македонија да има фер и демократски избори, бидејќи на фер и демократски избори ќе падне од власт и неминовно после тоа ќе ја загуби и својата слобода. Токму затоа Никола Груевски сака да лови во матно и во Република Македонија да се спроведат избори по негова мерка коишто не се фер и демократски.
П2: Има ли можност да се прочисти Избирачкиот список имајќи го предвид и фактот дека и членови на Државната изборна комисија рекоа дека време има за тоа?
Работењето на Државната изборна комисија во делот на споредувањето на податоците е по методологија којашто ја предложи ВМРО-ДПМНЕ. Сега ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија којашто се противи на резултатите коишто се добиени по нивно барање. Дали и како има време, кратко е времето напоменувам дека веќе трет ден Државната изборна комисија пред три дена требаше да го усвои Извештајот којшто не е усвоен токму поради противењето на ВМРО-ДПМНЕ и не сме во можност да влеземе во втората фаза за теренската проверка. Дали и како постои можност да се провери е работа којашто треба да ја утврди Државната изборна комисија. По нашите согледувања пролонгирањето на таквата работа е интерес на ВМРО-ДПМНЕ со цел да не можеме да дојдеме до релано прочистување на Избирачкиот список.
П3: Значи дека и изборите на 5-ти се дискутабилни дали воопшто ќе се одржат?
Дали ќе има или ќе нема избори на 5-ти јуни одлучи ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со неуставна одлука, не одлучи Собранието на Република Македонија во нормална постапка, ниту тој датум е утврден по основ на политички договор. Во основа СДСМ е спремен за избори уште утре доколку бидат создадени нормални, фер и демократски услови. Тоа се прочистување на Избирачкиот список и реформи во медиумите. Доколку во предвидените рокови се успее да се постигнат овие две цели ние немаме проблем со датумот за избори. Ние имаме проблем со тоа дека на Република Македонија, не на СДСМ, и се потребни фер и демократски избори со цел да излеземе од оваа политичка криза.
