Над местото на нападот во моментов лебди хеликоптер
Две лица загинаа, а над 10 се повредени во самоубиствениот бомбашки напад кој ја потресе трговска улица во Истанбул.Бомбата е подметната на главната пешачка трговска улица Истиклал во европскиот дел на Истанбул, соопштува АФП.
Најмалку четири лица загинаа, а 20 други се повредени денеска при самоубиствен бомбашки напад на главната шопинг улица во центарот на Истанбул, доплни подоцна ДПА.
Веднаш потоа полицијата рашири слики на 6 терористи-камикази. Кон местото кое е отцепено од полицијата, се насочени амбулантни, а над него лебди хеликоптер, дополнува агенција “Доган”. Со наближувањето на Невруз, курдската Нова година на 21 март, растат стравувањата од нови напади во Турција.Откажан е и митинг на Курдите денес. Земјата е во максимална степен на тревога по последните напади – на 13 март во Анкара, во која загинаа 35 лица, а на 17 февруари, исто во Анкара, кога загинаа 29 лица. Одговорноста за двата напади беше од радикалната група “јастреби за слободата на Курдистан “, блиска до Курдската работничка партија (ПКК). во меѓувреме стана јасно дека петмина осомничени беа приведени под стража, откако судот во турската престолнина им подигнаа обвинение за убиство со умисла во врска со самоубиствениот бомбашки напад, во кој загинаа 35 лица на 13 март во центарот на турската престолнина, соопшти агенцијата Анадолија.
https://youtu.be/FWEKfZR-v7k