(ВИДЕО) Спасовски за случувањата во ДИК: Сите опции се отворени за да го заштитиме избирачкиот процес

од desk3
108 прегледи

Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани,

Денеска сме во Струмица, разговараме со граѓаните за актуелните проблеми. Да ги чуеме размислувањата на граѓаните затоа што Македонија се наоѓа во еден навистина исклучително важен момент и важно е да ги чуеме сугестиите на граѓаните на Република Македонија, и граѓаните на општина Струмица.

Општа е констатацијата како и во цела Република Македонија и овде, постои загриженост затоа што многу млади луѓе ја напуштаат Република Македонија, како што ја напуштаат Струмица и струмичкиот регион.

-Мора-да-биде-проверен-секој-сомнителен-во-избирачкиот-список

Зголемувањето на сиромаштијата има пресудно влијание во напуштањето на државата.

Меѓутоа, исто така разговаравме и за прашањата коишто се поврзани со избирачкиот список, соопштени се многу неправилности во избирачкиот список, коишто сами граѓаните ги утврдија.

Затоа сметам дека ДИК, како независна институција, треба максимално да посвети внимание да се исчисти избирачкиот список и да се создаде сигурност кај граѓаните на Република Македонија дека избирачкото право не може да биде злоупотребено.

Носењето на одлуката на Уставниот суд уште еднаш го зголемува сомнежот на граѓаните на Република Македонија, наместо да ја влее сигурноста дека има кој да го заштити избирачкиот процес и правото на глас во Република Македонија.

Во таа смисла пораката треба да биде јасна и недвослислена ДИК да го исчисти избирачкиот список, да имаме сигурност дека се што се наоѓа во избирачкиот список е реална бројка. Бројка која не може да биде злоупотребена и да не биде уште една можност за изборна измама и фалсификат во Република Македонија.

Заедно со граѓаните на Република Македонија ќе направиме се да победи Македонија, да победат граѓаните, заради иднината, а за тоа се потребни фер, демократски и кредибилни избори.

Да имаме фер, демократски и кредибилни избори потребна ни е сериозна реформа во медиумите. Да ги ослободиме медиумските работници и медиумските куќи да можат слободно да ги презентираат состојбите во државата. Да имаме чист избирачки список, да имаме фер и демократски изборен процес што ќе резултура со слободна волја на граѓаните коишто ќе одлучат кој да раководи со Република Македонија, во иднина.
П1: Господине Спасовски синоќа имаше најави дека СДСМ е можно да ги повлече своите членови во ДИК, поради наводното пазарење помеѓу владеачките партии, колкав број на избирачки да бидат опфатени со прочистувањет ?

Ние остануваме посветени во однос на овој процес да навистина Државната изборна комисија како еден независен орган направи се да го прочисти избирачкиот список. Тоа е најголем интерес за Република Македонија и интерес за решавање на оваа политичка криза која што ја имаме. И затоа ја повикуваме Државната изборна комисија да биде на нивото на сопствена задача, да носат одлуки такви кавкви што се фактичките состојби во однос на избирачкиот список. Да се направи проверка во однос на секој сомнителен избирач коишто се наоѓа во избирачкиот список. Заедно со сите институции да помогнеме да го исчистиме овој избирачки список и да влеземе во еден процес којшто ќе биде фер и демократски. Тоа е едно најважно и најсуштинско прашање и ние ќе останеме посветени до крај на во однос на ова прашање. Сите други опции се отворени се со цел да го заштитиме избирачкиот процес и избирачкото право на граѓаните на Република Македонија.

П2: Како ја оценувате работата на ДИК, во однос на престојните парламентарни избори на 5 јуни?

Државната изборна комисија е формирана во ваков формат благодарение на согласноста од сите политички партии. Ние ја поддржуваме Државната изборна комисија во напорите да се обезбеди интересот на граѓаните да имаме чист избирачки список и да спроведе фер и демократски избори. СДСМ ќе ја има таа поддршка до крај, и затоа ја охрабруваме уште еднаш да се посвети максимално на овој процес на чистење на избирачкиот список, заради тоа што треба да знаеме дека најважен е интересот на граѓаните на Република Македонија, а не на политичките партии.

П3: Каков е ставот на СДСМ по однос на Венецијанската комисија за објавувањето на прислушкувани разговори кои се од јавен интерес ?

При носење на овој закон, при впишување на овој закон во ракмите на работните групи, ние се согласивме дека треба да имаме мислење на Венецијанската комисија коешто ќе каже во каков формат треба да биде законското решение. За нас беше очекувано дека се она што претставува јавен интерес, а се наоѓа како снимен матријал, треба да биде презентирано на јавноста затоа што заштита на јавниот интерес треба да биде приоритет на секоја демократска држава.

П4: Значи ли ова дека во наредниот период се можни нови презентирања на такви материјали?

Социјалдемократскиот сојуз ги предаде сите матријали на Специјалното јавно обвинителство кое што треба да води понатамошна постапка. Јас посакувам да нема веќе такви матријали, тоа ќе значи дека нема да има повеќе злоупотреба во Република Македонија. Ние мора да изградиме институции со полн демократски капацитет коишто во ниту еден случај нема да злоупотребуваат ниту едно право на било кој граѓанин и тоа е наша заложба.