Сведоштво на Села- Македонецот кој за миг се спаси од терористичкиот напад во Истанбул

од desk4
123 прегледи

Шакир Села  сопственикот на познатата модна агенција за мажи “ Даман“ од Истанбул за влакно ја избегнал бомбата која денес експлодираше со бомбашот самоубиец, пишува порталот Либертас.

164984_10151562360686192_2085154506_n

–  Одев накај работа во мојата канцеларија на  Таксим, и таман влегов во зградата слушнав силна експлозија и луѓе како викаат. Се стресе целата зграда и прозорците почнаа да се кршат. Бомбата експлодира на стотина метри од  мојата агенција, вели Села за Либертас. Тој е скопјанец кој  веќе дваесетина години живее и работи во Истанбул со модели од целиот свет.

Тој за порталот опишува дека во градот владее хаос, е под полициска опсада и луѓето се во страв поради наводни нови најави за бомбашки напади во големите молови каде има гужва од туристи.

download (72)

Нападот се случил на улицата Истиклал, во близина на централниот истанбулски плоштад Таксим, која е позната по големиот број продавници на познати домашни и странски бреднови.

Според телевизијата Си-Ен-Ен Турк, меѓу загинатите при експлозијата е и бомбашот-самоубиец.Полицијата го блокира реонот околку местото на нападот, каде пристигнале поголем број возила на брзата помош.

Турските власти неодамна изразија стравување дека со наближувањето на курдската Нова година, која се прославува на 21 март, постои опасност за зголем број терористички напади.

Денешната експлозија во Истанбул доаѓа по нападот во Анкара на 13 март, при кој загинаа 37 лица. Одговорност за овој напад презеде групата Соколи за слободата на Курдистан (ТАК), која е формирана од отпадници од Курдската работничка партија (ПКК).