ДС со осуда за Ѓорчев: Спротивно на Деловникот, своеволно ја одложи седницата за извештајот на СЈО

од desk3
79 прегледи

Демократскиот сојуз најостро ја осудува постапката на пратеникот Влатко Ѓорчев, кој спротивно на Деловникот за работа на Собранието, своеволно ја одложи седницата на Комисијата за политички систем и односи помеѓу заедниците, на која требаше да се разгледа Извештајот на Специјалното Јавно Обвинителство.

pavle

Разгледувањето на Извештајот на јавна седница, беше добра основа да се види што сработило ова обвинителство, како се одвива соработката со судовите, јавното обвинителство, како и со другите институции.

Од исклучителна важност е да се процени дали има опструкции и блокади, кои институции ја кочат работата на СЈО и сл.

Очекуваме Комисијата наскоро да одржи седница на која ќе се донесат заклучоци за поддршка на СЈО, охрабрување да работи професионално, одговорно, неселективно и транспарентно, како и да се задолжат сите државни институции да соработуваат со Специјалното јавно обвинителство.

Интергрален текст