Огромен интерес, претесна сала, иако има и поголеми и празни, но сепак, комисиската расправа за извештајот на специјаната обвинителка Катица Јанева е одложена за денеска. Претседателот на комисијата од ВМРО ДПМНЕ без гласање, своеволно ја презакажа , вели за „утре“ . Владините медиумски мегафони едногласно гракнаа…„Јанева не дојде, избега, го понижи Уставот…“ но не објавија дека воопшто никој ниту ја поканил, а и нема никаква законска обврска да дојде и да образложува, туку тоа се прави во писмена форма. И сега кој бега од расправа и одложува, купува време, лаже и манипулира- Јанева или Ѓорчев?

Демократскиот сојуз прв регира и најостро ја осудува постапката на пратеникот Влатко Ѓорчев, кој спротивно на Деловникот за работа на Собранието, своеволно ја одложи седницата на Комисијата за политички систем и односи помеѓу заедниците, на која требаше да се разгледа Извештајот на Специјалното Јавно Обвинителство.
Разгледувањето на Извештајот на јавна седница, беше добра основа да се види што сработило ова обвинителство, како се одвива соработката со судовите, јавното обвинителство, како и со другите институции.Од исклучителна важност е да се процени дали има опструкции и блокади, кои институции ја кочат работата на СЈО и сл.
Очекуваме Комисијата наскоро да одржи седница на која ќе се донесат заклучоци за поддршка на СЈО, охрабрување да работи професионално, одговорно, неселективно и транспарентно, како и да се задолжат сите државни институции да соработуваат со Специјалното јавно обвинителство, велат демократите на Павле Трајанов
ОД ВМРО ДПМНЕ на друг глас:
„Со жалење можам да констатирам дека ова веројатно е прв случај во демократската и плурална историја на Република Македонија едно избрано или именувано лице да НЕ се појави и да НЕ го образложи Извештајот за својата работа и за работата на институцијата која ја раководи“, изјави Влатко Ѓорчев, ВМРО-ДПМНЕ.
Опозиционата СДСМ веднаш возврати:
Власта прави се за да ја опструира работата на Специјалното јавно обвнителство. Пратеничката од СДСМ, Рената Дескоска прашува, зошто Ѓорчев закажува седница од Извештајот кој беше поднесен на 15 март, а се уште нема закажано седница за Извештајот на државниот обвинител Зврлевски, кој го доставил извештајот на 23 јуни лани.Прашањето кое треба да им се постави на пратениците од власта е зошто постапуваат селективно?
Денешниот театар на ВМРО-ДПМНЕ е уште една потврда за стравот на Никола Груевски да се соочи со одговорноста за криминалите за кои слушнавме во Проектот Вистината за Македонија, изјави Рената Дескоска, СДСМ.
Законска обврска да присуствуваме во Собранието на комисија и на седница нема. И ги замолуваме партиите кога обвинуваат дека прекршуваме закон или се ставаме над Устав да посочат кои законски одредби се прекршени.
Ова значи дека и денеска Катица Јанева нема да се појави во Собрание, а пратениците ќе треба да го анализираат извештајот во отсуство на Јанева. Постои и можност тој да не биде усвоен, но и таа одлука нема да ја кочи работата на Специјалното обвинителство.
Истата игра против Јаневва и СЈО, системот на одоговлекување се игра и со Советот на јавни обвинители каде исто ја чекаат Јанева да се појави на седница во среда и да им го објасни Извештајот кој според претседателот Петар Аневски бил нејасен.
Медиумската оркестрација ќе биде веројатно иста и денес и утре…, веројатно се додека не започнат и не се случат медиумските реформи кои , како и работата на СЈО и Јанева, се во комплетна блокираност.