Ген. Ратко Младиќ и Вук Караџиќ.
Непосредно пред 20 години заврши најголема опсада во модерната европска историја – онаа на босанската престолнина Сараево. Во текот на 4 години градот беше под тотална опсада од страна на српските сили, предводени од генерал Ратко Младиќ и Радован Караџиќ. И двајцата во моментов се наоѓаат во притвор на Меѓународниот трибунал за воени злосторства во Хаг, каде што чекаат казните за извршената нив геноцид и воени злосторства. За време на српската опсада во Сараево се убиени над 11 000 лица.
Меѓу нив има и многу малолетни деца, убиени од снајперисти. Под опсадата, во нечовечки услови – без храна, вода, лекови и електрицитет -живееја над 350 000 луѓе. Локалните луѓе веруваат дека за време на опсадата на пракса е уништено цела генерација родено во периодот 1968-1973 година. На 15-от месец од српската опсада жителите на Сараево успеваат да копаат тунел низ кој до крајот на војната ќе се користат за снабдување со најнеопходното.