Конвеси:Не е само битно да се отвори предмет, туку да се реши и да се затвори

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Во работата на обвинителството не е доволно само да се отвори предметот, туку истиот и да се затвори. Ова го порача познатата обвинителка од Романија, Лаура Ковеси на денешната конференција „Ефикасна борба против високата корупција: прашање на личност или на систем“,  што се одржува во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје.лисици и суд

Таа кажа дека во Романија само минатата година се отворени 1250 предмети од кои 970 се затворени.

– Бев јавен обвинител, а сега сум главна во дирекцијата која се бори против корупцијата. Дирекцијата е оформена пред 10 години, а после извесен период од страна на ЕУ бевме многу добро оценети. Имаме 1.250 лица обвинети за среден и висок степен на корупција, а околу 970 лица до сега се осудени. Имаме обвинети и 83 правни субјекти обвинети за истото дело.

Имаме обвинето еден премиер, пет министри, 16 пратеници, 97 градоначалници, 15 претседатели на општински совети и 32 директори на национални компании. За една година баравме притвор и за судија на Уставниот суд, но и за 6 пратеници и двајца сенатори, функционери за кои не може да се одреди притвор без амин на Сенатот.

Во последните две години имаме 21 лица од парламентот и Сенатот кои се обвинети и за нив се бара да им се симне имунитетот. Тие беа од различни партии. Лани имаме побарано конфискација на имот вреден 500 милиони евра. Во 93 отсто од предметите имаме позитивно решение за случаевите.

Нашата Дирекција има голема доверба од народот. Осумдесет и седум проценти од пријавите се поднесени од граѓаните, со што се смени менталитетот на граѓаните кога сфатија дека може да имаат доверба во нас – рече Кордута-Ковеси.

За денеска се очекува  на конференцијата да се обратат и јавниот обвинител Марко Зврлевски и специјалната обвинителка Катица Јанева.