Официјално: “Исламска држава” ја презеде одговорноста за крвопролевањето во Брисел!

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Џихадисти и се закануваат на  Европа со нови крвави ѕверства

џихад

Терористичката група “Исламска држава” ја презеде одговорноста за атентатите во Брисел,во  кои загинаа 28 лица. Соодветното барање на екстремистите беше објавено од поврзаната агенција “Амак”, соопштува ТАСС.Во коминикето си терористите не откриваат детали околу спроведените напади, но и  се закануваат на Европа со нови напади. Претходно Телевизискиот канал NBC, повикувајќи се на анонимен претставник од европските антитерористички служби, ја потврди оваа информација.