(ВИДЕО) Николовски: Пуленот на Груевски, Христијан Делев, правел злоупотреби во МЗШВ

од desk3
90 прегледи

Продолжуваме со откривањето на нови скандали поврзани со работата на Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на функционерите од редовите на ВМРО ДПМНЕ во ова министерство.

Денеска обзнануваме докази за работењето на поранешниот заменик министер за земјоделство и актуелен заменик министер за економија, Христијан Делев.

Овој пулен на Груевски , кој се „прослави“ со продажбата на Шведската млекарница „Свед Милк“ за едно евро, за време на мандатот во МЗШВ, надвор од законски предвидената постапка, потпишува анекс договор со друштвото „Лозарство“, ДОО с.Таринци, со што незаконски се зголемуваат површините под закуп и се овозможува неплаќање на закупнина.

-Пуленот-на-Груевски-Христијан-Делев-правел-злоупотреби-во-МЗШВ

Еве го анекс договорот, потпишан од Христијан Делев со што друштвото „Лозарство“ Таринци се ослободува од плаќање на закупнина од 2004 до 2007 година, што е спротивно на Законот за трансформација на претпријатијата и задругите со општествен капитал кои стопанисуваат со земјоделско земјиште. Согласно член 18 од овој закон „Лозарство“ Таринци не смеело да биде ослободено со анекс договорот бидејќи првото регистрирање на фирмата е 1999 година и веќе ја имале искористено поволноста од 4 години неплаќање на закупнина.

Исто така со овој анекс договор се прекршува и членот 19 од Законот заземјоделско земјиште кој го регулира плаќањето на закупнината.

Со овој анекс договор Делев му овозможува уште една поволност на „Лозарство“ Таринци, повторно прекршуваќи го Законот за земјоделско земјиште и без јавен оглас,овозможува зголемување на површините на „Лозарство“ од 329 хектари на 334 хектари државно земјоделско земјиште.

По кој основ и кој му дал овластување на Христијан Делев како заменик министер а не министер, да потпише ваков анекс договор со кој го ослободува „Лозарство“ од плаќање закупнина три години, дополнително се зголемува површината под закуп и се овозможува добивање на повисоки субвенции?

Колку вакви спорни договори и со други фирми има склучено овој пулен на Груевски и кој ќе ја плати штетата што ја има направено во буџетот на Република Македонија од неплаќањето на законски утврдената висина на закупнина на вакви фирми блиски на власта?

Ова е ОТЧЕТ, еве вака Груевски криминално ја дели државната змејоделска земја, вака неговите први луѓе ја користат функцијата за задоволување на интересите на фирми блиски на власта, земјоделски субвенции завршуваат незаслужено на нивните сметки.

Ние продолжуваме да ги штитиме интересите на вистинските земјоделци. Ништо нема да не запре.

Вистинскиот отчет на Никола Груевски доаѓа по демократските промени.

Секој што го прекршил законот ќе одговара.