Светски познатата италијанска модна куќа Армани објави дека повеќе нема да користи кожа со природни влакна во производство.
Армани ќе премине кон исполнување на оваа одлука, што ги вклучува сите видови кожа со влакно, вклучувајќи и зајачко, од сезоната есен-зима 2016.
“Имам задоволство да соопштам дека Армани груп донесе цврста одлука да ја прекине употребата на кожа со влакно во своето производство,” објави Џорџо Армани.
“Низ годините технологијата напредува до таков степен што веќе имаме на располагање алтернативи, благодарение на кои жестоките практики во однос на животните стануваат непотребни. Во текот на еден позитивен процес,кој почнал одамна, денес мојата компанија направи огромен чекор напред со мисла за грижата и заштитата на животната средина и животните. ”
Армани преминува кон оваа нова политика по соработка со Fur Free Alliance, меѓународна коалиција од над 40 организации за заштита на животните, ги здружија силите за да го прекинат работењето и масакрот на животни заради крзното.
Како член на Алијансата, “Четири шепи” ги поздрави Армани за одлуката да се прекине целосно употребата на кожа со природни влакна во нивните производи. “Исклучително сме среќни дека Армани е уште една голема модна компанија, која праќа категорична порака против употребата на кожа со влакно и на тој начин спасува илјади животни од исклучителна суровост”, вели Томас Питч, специјалист за диви животни на “Четири шепи”.
За жал користењето на кожа со влакно во декорациите на јакни и чанти е сè уште просперитетен бизнис со приходи од милиони и се надеваме дека уште многу големи модни куќи ќе го следат примерот на Армани. ”
Поголемиот дел од кожата со влакно која се користи во модната индустрија, доаѓа од фарми во кои дивите животни се одгледуваат во тесни ќелии и се убиваат на особено суров начин – преку задушување со гас или електрошок. Исто така, производството на таков вид кожа доведува до значителна штета за околината, бидејќи во процесот на обработка се користат штетни хемикалии.
“Со години Џорџо Армани стои во основата на многу модни трендови и денешната одлука е доказ дека сочувството и иновацијата се иднината на модната индустрија,” категоричен е Јо Виндинг, претседател на Fur Free Alliance.
Армани се приклучува на голем број модни куќи кои не користат кожа со природни влакна, како Hugo Boss, Tommy Hilfiger, Calvin Klein и Stella McCartney и на тој начин ги пренесува размислувањата од морална природа на нова генерација корисници.