На интернет се појави видео, ко забележа невообичаена случка на аеродромот во рускиот град Норилск. На кадрите се гледа како урагаскиот ветер го носи 40-тонски Боинг 737, кој се наоѓа на патеката. Под силата на налетите машината ротира за 180 степени, соопштуваат руските медиуми. Во инцидентот нема повредени луѓе.
Локалните велат дека слични силни ветрови не се реткост во градот. Според последните податоци стихијата одзеде еден човечки живот. Жена загинала откако врз неа падна покрив на продавница.