На неколку метри од него Мишел пак со еден млад Аргентинец

Претседателот на САД Барак Обама и неговата сопруга Мишел се развихриха во ритамот на танго за време на официјалната посета на Аргентина. На официјалната вечера, дадена од претседателот Маурисио Макри, двајцата ги покажаа своите вештини во страстен танц, но не заедно, туку со професионални партнери, пишува “Дејли Меил”.

Пред очите на десетици гости флексибилната танчерка се налепи околу американскиот претседател, а во близина на нив Мишел внимателно уживаше , предводена од млад танчер .
Претседателското танго беше спонтано и дојде по претсатавата на уметничките танчери и на двајцата професионалци.

Вечерата, на која присуствуваше и првата дама на Аргентина Хулио Авад, се одржа во културниот центар “Киршнер”, кој го носи името на претходник на Макри – Кристина Киршнер.