По втор пат Драган Даравелски нема да биде екстрадиран во Македонија

од desk3
99 прегледи

Поранешниот прв цариник, Драган Даравелски кој денеска беше уапсен во Србија нема да биде екстрадиран во земјава-велат за 24 вести од Српското Министерство за правда, бидејќи Даравелски ја искористил можноста за жалба.

daravelski
Од македонското МВР го потврдија апсењето но информираат дека денеска нема да има екстрадиција на Даравелски. Апсењето на екс директорот на македонската царина по кого кумановскиот суд имаше распишано меѓународна потерница се случило околу два часот по полноќ но сеуште е нејасно дали тој се гони по претходна потерница.

Даравелски беше уапсен и во 2004 година од страна на српската полиција, врз основа на меѓународна потерница издадена од Интерпол Скопје. Тогаш на Даравелски му беше определен екстрадиционен притвор, но тој никогаш не ѝ беше испорачан на земјава.

Повеќе ТУКА