
Судската адинистрација денеска ќе протестира пред ресорното министерство за правда, а најверојатно протестот ќе заврши пред владата. Според најавите, поддршка на судската администрација ќе и дадат и судски службеници. Претседателот на УПОЗ Пеце Грујовски вели дека нема некои големи притисоци, но сепак има обиди со кои дел од администрацијата во институциите се спречува да им даде поддршка на денешниот протест. Претседателот на синдикалната организација пак во Скопскиот кривичен 1 Драган Јосевски изјави дека тие нема да излезат на денешниот протест бидејќи никој не ги консултирал.
Потписниците на „повелбата за солидарност“, самостојниот синдикат на новинари и медиумските работници, Синдикатот на македонската дипломатска служба, Конфедерацијата на синдикални организации КСОМ, мултиетничкиот синдикат на образование МЕСО, Синдикатот на културата на македонија, левичарското движење „Солидарност“ и движењето за социјална правда „ЛЕНКА“, даваат целосна поддршка на штрајкот на вработените во судската администрација. Поради тоа членовите на „повелбата“ ќе се приклучат на денешниот протест пред министерството за правда, министерството за информатичко општество и администрација и пред владата.